ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Секогаш сме се однесувале со почит кон соседите, го очекуваме истото и од нив, вели Ковачевски

August 24, 2023 13:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Се работи за нормална дискусија на премиер на земја членка на НАТО со премиери на соседни држави со коишто имаме одлични врски и каде динамиката на поединечни изјави и поединечни акти не може да го диктираат главниот дискурс на добрососедски односи и на нивна интеграција во ЕУ. Северна Македонија секогаш се придржувала кон исклучително високо ниво на почитување на своите соседи и истото тоа го очекува од сите свои соседи.

Ова го изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во коментар на изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека остро му се обратил на косовскиот премиер Албин Курти во контекст на неговата посета на Тетово, за време на неформалната вечера во Атина по повод 20 години од Солунскиот самит, на која присуствуваа претседателите и премиери на земјите од регионот заедно со претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет и претседателите на земјите членки на ЕУ од регионот, а на која гостин беше претседателот на Украина,

Тој појасни дека на таа вечера се разговарале за продолжувањето на евроинтеграциите, поддршката која што секоја од земјите ја дава на Украина во нејзината оправдана борба за слобода, суверенитет и право на самоопределување, како и за регионалната динамика.

-Јас изразив многу јасен став дека добрососедските односи се основа за градење на економските и кои било други врски помеѓу државите од регионот и дека добрососедските односи се основа за понатамошно интегрирање на регионот во ЕУ. Дополнително што се потврдило во минатото дека Северна Македонија секогаш се придржувала кон исклучително високо ниво на почитување на своите соседи и истото тоа го очекуваме од сите наши соседи. Така што се работи за една нормална дискусија на премиер на земја членка на НАТО со премиери на соседни држави со коишто можам да кажам дека имаме одлични врски и каде што динамиката на поединечни изјави и поединечни акти не може да го диктираат главниот дискурс на добрососедски односи и на нивна интеграција во ЕУ, рече Ковачевски по пуштањето во употреба на нова градинка во Општина Пробиштип.

Тоа, додаде тој, „го потврди и мојот разговор со претседателот на Србија посебно и во неговата изјава, меѓутоа и во изминатите денови можевте да бидете сведоци и на изјава на српскиот премиер којшто кажа дека исклучително ја цени Северна Македонија и се она што е значајно за нашите добрососедски односи“.

Tags: КовачевскиКосовоОдносиСоседиСрбија
Next Post

Кари: Не се плашам да преземам одговорност во клучните моменти

НАЈНОВО

Арка-Борец балкански шампион во кајак на диви води

August 25, 2025

Грилиш: Не престанав да го сакам фудбалот во последните неколку години, но не уживав толку многу во него

August 25, 2025

Пентагон: Војниците на Националната гарда на улиците на Вашингтон ќе почнат да носат оружје

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk