ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Трамп се врати на платформата X (Твитер), непосредно откако се предаде во затворот во Атланта

August 25, 2023 10:08
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот американски претседател  Доналд Трамп за првпат по повеќе од две години синоќа пушти објава на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) , споделувајќи ја својата историска фотографија направена во затворот во Атланта, пренесоа светските агенции.

Трамп на објавата со својата затворска фотографија напиша: „Мешање во изборите. Никогаш не се откажувај!“, нудејќи и линк до неговата веб-страница што води до страницата за собирање средства, јавија американските медиуми.

Поранешниот претседател немаше објавено порака на својата некогаш омилена социјална мрежа од јануари 2021 година. Нему му беше забранет пристапот на Твитер неколку дена по нападот врз американскиот Конгрес од неговите поддржувачи, потсетуваат британските медиуми.

Само 50 минути по неговата објава пораката и сликата беа прегледани над 14 милиони пати.

Налогот на Трамп му беше вратен во ноември минатата година, веднаш откако американскиот милијардер Илон Маск ја презеде компанијата.

Трамп, меѓутоа, досега не се имаше огласено на Твитер, инсистирајќи на тоа дека е посреќен на неговата страница „Вистина“ (Truth Social), која ја отвори за време на забраната.

Трамп, актуелен претендент за републиканска претседателска номинација, со месеци изјавува дека планира да се врати на платформата во, како што рече, „вистинско време“.

Трамп ја пушти во етерот првата објава на платформата X додека со својот приватен авион леташе од Атланта до неговата викендичка во американската сојузна држава Њу Џерси, доцна синоќа, Претходно вечерта тој беше ослободен со кауција од 200.000 долари, откако помина 20 минути во затворот во Атланта.

Tags: платформа XТрамп
Next Post

Почнуваат Деновите на Мајка Тереза

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk