Албански државјанин, познат како „Нико“ или „Ел Гордо“, е уапсен во Санта Марта, Колумбија, откако наводно соработувал со колумбиски шверцери на дрога.
„Нико“ е баран во повеќе од 180 земји, а француските власти, ЕУРОПОЛ, ИНТЕРПОЛ го сметаат за многу важна мета, пренесува Кланкосова.
Уапсениот бил вмешан и во кривични дела за перење на пари, а по него се трага во повеќе од 180 земји.
Според информациите со кои располагаат истражните органи, констатирано е дека „Нико“ бил во служба на структури за шверц на дрога кои вршат криминални дејствија во Франција, Албанија, Холандија и Германија.
Неговото присуство во Колумбија најверојатно имало за цел воспоставување контакти со мрежи за шверц на дрога.
Г. Т.