ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ковачевски на работна вечера со лидерите учесници на Бледскиот стратешки форум

August 27, 2023 18:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во живописното место Блед под алпите и кај истоименото езеро, туристичка атракција во Словенија, привршуваат подготовките за Бледскиот стратешки форум на кој учествува и премиерот Димитар Ковачевски.

Дводневниот форум на тема „Солидарност за глобална безбедност“, неформално почнува вечерва со работна вечера на покана и во организација на премиерот на Република Словенија, Роберт Голоб на која ќе учествува и премиерот Ковачевски.

Како што е најавено, тој ќе оствари и билатерална средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. Како што јави известувачот на МИА од Блед, се очекува на средбата да стане збор, меѓу другото, и за актуелната состојба во земјата во контекст на уставните измени.

Ковачевски утре ќе се обрати на лидерскиот форум а потоа се очекува да има билатерлани средби со специјалните претставници за Западен Балкан на ЕУ Мирослав Лајчак и на Обединетото Кралство сер Стјуарт Пич, како и други.

Премиерот Ковачевски на активностите ќе биде придружуван од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи, кои исто така ќе имаат обраќања на некој од панелите на Форумот.

Претпладнево на сесија пред форумот посветена на „Дигиталната трансформација во регионот на Западен Балкан“ зборуваше министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу.“

Целта на собирот, што се одржува на 28 и на 29 август, е на учесници од различни области да им овозможи за размена на мислења и идеи за решавање на актуелните и предизвиците на иднината особено по војната во Украина, Ковид кризата, предизвиците со обезбедување храна, климатските промени.

Извор: МИА

Tags: Бледскиот стратешки форумКовачевски
Next Post
Фото: МИА

Дискусија за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ на работната вечера пред стартот на Бледскиот стратешки форум

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk