ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Да се живее под тортура на Мицкоски

August 29, 2023 13:12
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Крајно време е Христијан Мицкоски да престане да врши тортура врз македонскиот народ и врз сите граѓани на Македонија со инаетот да ги изгласа уставните измени и земјата да продолжи понатаму кон ЕУ.

Не се странците тие кои му вршат тортура, туку тој е единствениот што им прави тортура на своите (со)граѓани и им стои на патот да станат европјани не само географски, туку политички и пред сè и над сè, економски.

За овој негов диктаторски однос кон сопствениот народ Христијан Мицкоски нема поддршка од мнозинството граѓани како што секојдневно тврди.

Во сите анкети на кои се повикува како аргумент против внесувањето на Бугарите во Уставот, нема таква бројка од „над 80 проценти од граѓаните“ и тој тоа го знае. Со истите лажни податоци од сè на сè три анкети годинава, тој бара и итни предвремени избори иако и за ова нема поддршка од граѓаните.

Она на што се повикува Мицкоски се податоците од истражувањето на Институтот за демократија и Конрад Аденауер од март годинава според кое 89 проценти од ПРИВРЗАНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ се против, што е и став на раководството на оваа опозицикска партија.

Највисок процент на граѓани кои биле против промена на Уставот и вметнување н Бугарите во Преамбулата биле 65 % и тоа во март оваа година.

Но, испитувањето на јавното мислење од мај спроведено од Институтот за политички истражувања за потребите на емисијата „детектор“ на Сител ТВ, вели дека процентот на граѓани кои не се согласуваат со тоа се намалил од 65 на 56 проценти.

Според ИРИ, пак, само 50 посто од испитаниците се против францускиот предлог, додека соодносот на оние за и против внес на Бугарите во Уставот е 40 спрема 50 проценти.

Оттаму, сите аргументи на кои почива мачната пропаганда на Мицкоски и неговата партија се лажни. И веројатно соочени со стравот дека бројот на граѓаните кои се против внес на Бугарите се намалува, а со тоа и поддршка кон нив, со сите сили се обидуваат да го задржат вниманието на јавноста со негово безмилосно тормозење со фиксацијата „бугарски диктат“ и предвремени избори.

Најновата „инвентивност“ во ПР стратегијата на оваа партија е будалаштината дека „светот се сплотил во завера против Мицкоски“.

А всушност од ден на ден, година и половоина тој нè држи во заложништво сите во државата како да сме потпишале нотарски изјави ние граѓаните, а не неговите пратеници.

А тие кутрите пратеници, не сфаќаат дека откако ќе му „одработат“ за негова лична кариера, ќе ги фрли политички на „Дризла“. Ќе остане само сеќавањето на нив како на беспоговорни послушници кон „лидерот“.

Затоа неговите нови избраници ќе мораат да ја носат одговорноста на неизвесноста што им ја подготвува партискиот шеф, без разлика дали ќе победат или не на следните избори. При тоа не е чудо идната генерација народни избраници да мора да го излиже она што сегашните ќе го поплукаат.

Мицкоски на некој начин ги „тормози“ и претставниците на САД и на ЕУ кои се обидуваат пријателски да помогнат на европскиот пат на Македонија, ставајќи ги во позиција да се мешаат во внатрешните работи на една суверена земја.

Но, ако еднаш им го завртиш грбот на овие пријатели, како што тоа го прави Мицкоски, биди сигурен дека тие сите ќе ти го завртат кога најмногу ќе ти требаат.

Затоа подобро да му го завртат нему грбот сега, одошто тоа да и го сторат на Македонија подоцна.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Рацин

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Тортура“анкетаЉубиша НИКОЛОВСКИМицкоскиуставни амандмани

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk