ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Општина Центар: Во тек е Јавен повик за ангажирање на лични асистенти на учениците со посебни образовни потреби

August 29, 2023 10:24
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Центар распиша Јавен повик за ангажирање на лични асистенти во проектот „Образование за сите“ за потребите на ученици со посебни образовни потреби вклучени во образовниот процес во основните училишта на територија на Општина Центар – Скопје, во учебната 2023/2024 година.

Имено, заинтересираните кандидати кои сакаат да бидат ангажирани треба да ги исполнуваат следните услови:

-минимум завршено средно образование;

-претходно искуство во работа со деца со посебни образовни потреби;

-долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над пет години);

-млади лица до 29 години;

-лица постари од 50 години;

-самохрани родители;

-родители на деца со попреченост.

Општина Центар напоменува дека предност ќе имаат кандидатите кои:

– имаат завршено високо образование: дипломиран наставник по предметна/одделенска настава, дипломиран психолог, дипломиран педагог, дипломиран дефектолог или дипломиран социјален работник;

– имаат искуство во работа како лични/образовни асистенти во претходните циклуси на проекти;

– поседуваат лиценца за личен асистент на лица со попреченост издадена од овластена институција.

Заинтересираните лица што ќе бидат вклучени во проектот „Образование за сите“ ќе бидат работно ангажирани како лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби, вклучени во образовниот процес во основните училишта на територија на Општина Центар-Скопје, во учебната 2023/2024 година. Тие ќе имаат скратено работно време од дваесет (20) работни часа неделно, во период од девет (9) месеци, почнувајќи од 15 септември 2023 година до крајот на учебната 2023/2024 година. За кандидатите што ќе бидат избрани и вклучени во проектот „Образование за сите“ се предвидува паричен надоместок во висина од 12.000,00 денари (нето-износ), со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување предизвикано од повреда на работа и професионална болест.

Лицата кои сакаат да аплицираат за учество во Јавниот повик треба да приложат:

-Барање за учество во проект „Образование за сите“;

-Професионална кратка биографија;

Потврда од Агенцијата за вработување (доколку кандидатот е невработено лице евидентирано во Агенцијата на Република Северна Македонија);

-Доказ за завршено образование (копија);

-Потврда за претходно работно искуство со лица со попреченост (доколку кандидатот поседува таква);

-Лиценца за личен асистент на лица со попреченост (доколку кандидатот поседува таква).

Барањето за учество во проектот „Образование за сите“ (заедно со потребната придружна документација) може да се поднесе во Архивата на Општина Центар-Скопје, барака 6, од 9 до 15 часот.

Јавниот повик ќе трае до крајот на неделата заклучно со (1.09.2023г). Јавниот повик е достапен на веб-страницата на Општина Центар-Скопје https://www.centar.gov.mk/?p=18450 и на огласните табли на општинските основни училишта на територија на Општина Центар-Скопје.

Tags: лични асистентиОпштина Центарученици
Next Post
[Photo credit: crimefeed.com]

Тројца осуденици обесени во Ирак за бомбашки напад од 2016 година, во кој загинаа 300 лица

Shortcut

Најново

Фото: Влада

Мицкоски: Македонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП

June 3, 2026

Филипче: Не е загрозен македонскиот идентитет, загрозена е криминалната власт на ВМРО

June 3, 2026

Албанија ја врати легалната индустрија, Македонија сака да ја затвори

June 3, 2026

Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

June 3, 2026

СДСМ: Апсењето на Богоев е монтиран случај на Мицкоски за дефокусирање од критиките на Антонио Кошта

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk