ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Поддршката на Словенија за С.Македонија останува до исполнување на нашата стратешка цел, полноправно членство во ЕУ

August 29, 2023 14:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

На маргините на Бледскиот стратешки форум, денеска, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ оствари конструктивна средба со заменик претседателката и министерка за надворешни и европски прашања на Република Словенија, Тања Фајон, на која беше испратена порака дека ЕУ создава позитивен политички моментумот кој е погоден за брз напредок на Северна Македонија на европскиот пат.

– Одлучни сме во нашата посветеност да се усогласиме со стандардите, вредностите и политиките на ЕУ и да ги направиме следните чекори за да останеме во процесот и да напредуваме во преговорите со ЕУ. Во овој сложен процес од клучно значење е да знаеме дека држава како Словенија, со силно европско искуство, ја имаме за партнер и сојузник во исполнувањето на ЕУ агендата.

Заменик претседателката и министерка за надворешни и европски прашања, Тања Фајон на средбата ја поздрави политичката волја и заложба на македонската Влада за успех во преговарачкиот процес и со охрабрување порача Северна Македонија да продолжи напред, а поддршката Словенија останува до исполнување на нашата стратешка цел, полноправно членство во ЕУ.

Во фокусот на нивниот разговор беше темата за уставните амандмани, кои стојат како обврска за продолжување на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, за кои и Маричиќ и Фајон се согласија дека амандманите не се само уставни дополнувања, туку дека тие ја симболизираат нашата посветеност на забрзување на реформските процеси, европеизација на македонското општество, демократските принципи, владеењето на правото и човековите права.

Соговорниците разговараа и за децениското искрено пријателство и соработка меѓу двете држави и двата народи, со кое дополнително ги унапредуваат нивните односи, придонесувајќи во промоцијата на заедничките европски вредности, особено солидарноста во справувањето со последиците од климатските промени и природните непогоди.

Маричиќ денеска учествува на Бледскиот стратешки форум, на панелот насловен: Збогум Европа! (?) – Глобален вазал или глобален лидер: Европа во новата геополитичка доба, на кој учествуваат и неговата словенечка колешка, Тања Фајон, Федерика Могерини, Аранча Гонзалез, Декан на Париско школо за меѓународни односи, Кристофер Смит, Заменик асистент секретар за Централна Европа и Југо-Централна Европа и Мирослав Влачовски, министер за надворешни и европски прашања на Република Словачка.

Tags: ЕУМаричиќСловенијаФајон
Next Post

Бектеши одговори дали ќе има мерки за инфлацијата

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk