ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Руски теоретичар на заговор тврди: Пригожин е жив и подготвува одмазда

August 30, 2023 12:42
in PMD, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Фотоколаж: metro.co.uk

Фотоколаж: metro.co.uk

Share on FacebookShare on Twitter

Основачот на ослогласената парамилитантна група Вагнер, Евгениј Пригожин е „жив, здрав и слободен“ – и ја планира својата одмазда, сензационално тврди рускиот пропагандист, политички аналитичар и теоретичар на заговор  Валери Соловеј кој инсистира дека во авионот наместо Пригожин бил еден од началниците на платениците кога неговиот авион беше разнесен со одбранбена ракета во напад одобрен од самиот Владимир Путин.

Шокантното тврдење доаѓа во момент кога Путин одлучи да не присуствува на погребот на неговиот поранешен близок доверлив, кој некогаш го одликуваше со највисоката чест во земјата, медалот Херој на Русија, пренесува Метро.

Политичкиот аналитичар, поранешен професор на московскиот престижен Институт за меѓународни односи – школа за обука за шпиони и дипломати, вели дека Пригожин сега е скриен и „се подготвува за одмазда“.

Соловеј тврди дека „авионот во кој требало да лета Евгениј Пригожин бил соборен од руски систем за воздушна одбрана“.

Тој ги отфрли извештаите дека можеби била шверцувана бомба во авионот во последен момент, додавајќи: „Немаше експлозија во авионот. Беше соборен однадвор“.

Тајниот заговор за атентат на шефот на групата Вагнер – кој го предводеше бунтот против Кремљ пред два месеци – и неговите највисоки поручници „беше развиен во Советот за безбедност [на Русија] и беше одобрен лично од Путин“.

Но, „самиот Пригожин не беше во авионот“, инсистираше теоретичарот на заговор, додавајќи: „Неговиот двојник леташе наместо него“.

Тој сега е во неименувана земја со пристап до 1,6 милијарди фунти, според Соловеј, кој рече дека „тоа е повеќе од доволно за одмазда“.

„Како остана жив додека неговите блиски луѓе умреа?“, продолжи тој. „Тој има намера да се одмазди затоа што бил соочен со таков избор„, вели Соловеј и додава: „Тој има намера да им се одмазди на луѓето кои имаа намера да го уништат и ги уништија луѓето блиски до него“.

Соловеј тврди дека има информации од инсајдер во Кремљ кој често тврди дека Путин е сериозно болен и на сличен начин користи телесни двојници за да ги маскира своите заболувања, но тој не нуди докази за да ги поткрепи.

Во пресрет на неговиот пропаднат државен удар, се појавија слики од наводните двојници на Пригожин.
Едниот беше сликан во руски пасош со неговото име. Тој бил сликан и во друг пасош со лажно име.

Фото: Fontanka.ru/East2west news)

Излегоа и извештаи во кои се тврди дека користел перики и лажни бради за маскирања додека ги унапредувал интересите на Путин во Африка и на Блискиот Исток.

Во еден се прикажува како вработен во Министерството за одбрана во Судан, друг како помошник дипломат од Абу Даби. Во третиот тој беше исмејуван како постар поручник од Бенгази во Либија.

Фото: social media/e2w

Разновидниот Пригожин – чии вагнерови платеници се користени во многу земји – се претставуваше и како полковник од Триполи, „трговец од Сирија“ и теренски командант по име Мохамед.

Но, рускиот истражен комитет инсистираше на тоа дека тој е мртов, што е докажано со неговата ДНК што беше пронајдена на трупот на местото на авионската несреќа.

Други шпекулираат дека Пригожин е сè уште жив.

Политикологот Екатерина Шулман рече: „За да се криеме засекогаш, земајќи еден од многуте резервни пасоши, изгорениот авион е исто така добра причина“.

И поранешниот руски претседателски кандидат Ксенија Собчак, позната како кума на Путин, рече: „Моето чувство е дека го закопавме [Пригожин] прерано“.

Истражувањето на каналот Бриф Телеграм покажа дека 38% од анкетираните веруваат дека Пригожин е сè уште жив.

Како што предходно објави Цивил Медиа, не требаше долго по несреќата за теориите на заговор да почнат да се шират на Интернет. Дали авионот беше соборен? Или, можеби, во него беше поставена бомба? И дали Пригожин навистина е мртов?

Шпекулации и сомнежи за „наводното“ загинување на Пригожин веднаш по авионската несреќа се појавија и на социјалните режи. Соловјов веднаш се вдаде во шпекулации и имплицираше дека извештаите за смртта на олигархот се прерани, инсинуирајќи дека Украинците и нивните сојузници „ширеле лажна порака за смртта на Евгениј Пригожин“

Д. Мишев / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: авионска несреќаВалери СоловејЕвгениј Пригожинтеории на заговор

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk