Вечерва се одржува трибина во центарот на Скопје, на тема „ЕУ за македонската економија во Скопје денеска започна кампањата „Ние сме Европа“. Настанот е дел од информативниот караван под мотото „Саем на европски вредности“, а во рамки на караванот ќе се презентираат можностите и придобивките од преговорите кои ги нуди членството во ЕУ.
Свои обраќања ќе имаат премиерот Ковачевски, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за економија Крешник Бектеши, шпанскиот амабасадор и други. На настанот присуствуваат голем дел од министрите во Владата, поранешниот премиер Владо Бучковски, како и повеќе граѓани.
Кампањата „Ние сме Европа“ ќе се реализира во осум градови низ државата, Скопје, Битола, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово и во Штип. Темите што ќе бидат опфатени се економија, култура, енергетика, туризам, земјоделие, млади, инфраструктура и социјална политика.