ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Ковачевски: Најстарата градинка во државата „Орце Николов”, добива нов објект по најсовремени стандарди за згрижување и воспитување на децата

August 31, 2023 15:00
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, присуствуваше на отворањето нов објеко состав на најстарата градинка во нашата држава „Орце Николов”, во скопската Општина Карпош.

Објектот е направен по современи стандарди, со поддршка од Светска банка и со него се зголемени капацитетите на градинката за згрижување за уште 100 деца.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на премиерот Ковачевски.
„Ние сме денес во првата градинка изградена во нашата држава и тоа со одлука на президиумот на АСНОМ, ако не грешам, отворена во 1945 година од каде што започнува и згрижувањето на децата во предучилишна возраст во нашата држава.

Ова градинка во февруари одбележува 78 години од своето постоење и денес присуствуваме на отворање на сосема нов објект во кој ќе бидат згрижени дополнителни 100 деца. Досега оваа градинка згрижуваше 400 деца што значи дека за ¼ се зголемува згрижувачкиот капацитет.

Оваа градинка и половината милион евра кои се вложени во овој прекрасен нов објект, изработен според најнови стандарди е дел од проектот којшто го работи Министерството за труд и социјална политика. Ние инвестираме 13 милиони во 16 нови објекти ширум државата. Минатата недела имавте можност да бидете дел од пуштањето на нова градинка во Пробиштип, пред тоа имавме пуштање на градинка во Струмица во Волково, во цела држава се пуштаат градинките.

Пред нас има уште проекти кои ќе бидат отворени меѓутоа денес тоа е токму овде, новиот објект на градинката „Орце Николов”. Се работи за објект кој е изграден со сите стандарди за згрижување на деца од најмала возраст во јасли и за повозрасни групи со сите потребни реквизити и сѐ она што значи успешно едуцирање на деца во предучилишна возраст и нивно воспитување.

Ова значи и нови вработувања во оваа нова градинка што значи дополнително вработување на наши сограѓани кои работат во оваа област.

Платите во згрижувачката и образовната дејност согласно договорот со СОНК беа зголемени за 15%, сега следува согласно потпишаниот колективен договор ново зголемување, како и порамнување на платите со минималната плата.

Тоа значи дека не само што се грижиме за децата да бидат згрижени во нови објекти туку да биде ценет и трудот на оние кои се грижат за нашите најмали а тоа се воспитувачите, воспитувачките во овие градинки.

Благодарам на министерката, на нејзините колеги во МТСП, да се заблагодарам на пратениците од Карпош. Тука е и пратеничката Георгиевска којашто секогаш во собранието ја истакнуваат Општина Карпош како нивни приоритет со оглед на тоа што од тука доаѓаат. И секако да се заблагодарам на градоначалникот и на администрацијата на Општина Карпош кои во најбрз можен рок ги подготвија сите документи со цел овој проект да може да отпочне и успешно да биде завршена неговата изградба.

Честитки за сите кои ќе бидат дел од работниот персонал тука и за сите деца кои ќе бидат овде сместени”.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ГрадинкаКарпошКовачевски

НАЈНОВО

Активни 11 пожари, владата прогласи кризна состојба

July 8, 2025
Фото: МИА

„Support Kocani“ со втора пратка компресивна облека за повредените во пожарот

July 8, 2025

Убиен командантот на Хамас Мехран Мустафа Баџур во израелски напад на Либан

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто се извини Мицкоски?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk