Полициски службеници од СВР Тетово, денеска околу 10 часот и 30 минути во тетовско Долно Седларце го лишиле од слобода 53-годишниот Т.Б. од Штип.
Од МВР информираа дека тој се сомничи дека во периодот од 20 јуни годинава досега извршил пет кражби во цркви во општина Јегуновце. Со употреба на сила влегувал во објектите и најчесто одземал пари.
– Кај него биле пронајдени и одземени разновиден алат што го користел при извршување на кривичните дела. Т.Б. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе биде изготвена соодветна кривична пријава, појаснуваат од МВР