Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ
Ботовите кои ме напаѓаат, а и не само мене, туку ги напаѓаат и моите соборци, пријатели и оние со кои делам „заеднички својства“, нас, ваквите, имено, нè користат за прехрана – по командна директива доаѓаат на нашите Фејсбук профили – се кикотат, пцујат и врескаат, а потоа наредбодавците веројатно им фрлаат по некој сендвич, ги тапшаат по рамо додека ботовите си ги лижат своите рани како кутриња.
Еве пример: некој бот кој се потпишува како „Виктор“: „Ненаде, предавнику, прв ќе го јадеш сув, гомно северџанско“. Не се согласувам со Виктор, дури и кога овој би се преобратил од патријахално-православен во геј-личност; и не само што знам, ако не е „Виктор“, ќе дојде некој следен Митре, Коле, Боле, Сајко, Станко…, туку за нив совршено ме заболе Црвениот бан (што да правам, имам и јас скриен бот со свој скриен псевдоним!).
Порано, работите во политичкото, не учеше Игор Мандиќ (тој Мухамед Али на југословенската журналистика и есеистика), изгледаа сосема поинаку: ќе објавиш текст во весник, а некој „карадушманин“ или некој читател кој не се согласува со твоите тези, во рубриката „Писма на читатели“ – ќе понудеше контра-аргументација. Таквата „контра-аргументација“ ќе изгледаше толку писмена и учена колку што му дозволуваше паметта и креативноста на неистомисленикот. Таквите не беа „Виктор“, „Боле“, „Коле“, „Столе“, „Македонец“, „чиста Македонија“, туку брате мили – цело име и презиме, место и домашна адреса на живеење. Тогаш луѓето беа поинакви (не велам подобри, велам поинакви!), а богами имаа и некаков етички морал: пишувам и ја сносам личната одговорност за напишаното.
На таквите, ти ќе им одговориш или нема да им одговориш, посебно кога такви полемики се развиваат помеѓу писателите или „ангажираните интелектуалци“. Потоа се раѓаа полемики кои беа важни за слободата, културата, книжевноста, животот воопшто, велеше Игор Мандиќ.
Во таквите полемики најважно беше непишаното правило: нема пцовки, нема мајки и шајки, нема расистички испади за твојот изглед (има чупкани веѓи, дебел, старо дртало, педер, гомно, предавник, шпиун, жена ти е курва), а заканите по физичка, лична безбедност, не доаѓаа во предвид. А ако се најде и некоја закана во „писмата на читатели“, уредникот ја зема во рака, ја тутка и ја фрла во канта за ѓубре.
Е, така беше во самоуправниот социјализам дебатата и полемиката. Потоа ни дојде интернет – таа клоака за ботовите – а после интернетот ме фаќа страв што друго ќе ни дојде. Секоја будала и секој ретард – а најдобро е ако е искомбинирано – не само што може да се расправа дури и со Чехов или Толстој, туку може и да му држи предавања за работи за кои нема никаква појма. Или да му се потсмева, да му се руга, да му влегува во приватноста, во неговиот личен живот, да му суди дека е неморлано ѓубре, битанга, шпиун, предавник, дека со него ќе се пресмета лично, дека ќе му врзе два-три шамари за да се приземји…
Вакво хобистичко изживување беше за очекување дека ќе се рашири, беше за очекување дека ќе се „индустријализира“, а оние случајни, атомизирани морони со посебни потреби, од кое базди мислење заглавено во глувчешка дупка, некако требаше да се организира и стане дел од нешто пошироко (додуша сè е пошироко од мороните и ретардите!). Така никнаа фармите на ботови на десницата – моронштина која мораше да се индустријализира во десничарска политика.
Фармите на ботови најмногу се застапени во конзервативните, авторитарни, популистички и клептократски партии и движења.
Така ќе биде и со оваа наша опозиција. Ќе биде сè исто како што беше претходно со Груевски (ако повторно дојде на власт, во што се сомневам!): ќе ги „пегла“ своите кокети и секретарки, ќе ги шприца кокошките со стероиди, ќе лаже, ќе краде каде што ќе стигне, ќе отвара спортски сали – тамо каде што нужно е потребно канализација и зелена површина – за да се развива „здравиот дух на нацијата“, ќе прави големи бизниси и во кафани ќе ждере дневно по 50.000 ќебапи со кајмак.
Тие мислат дека на власт се доаѓа не со револуција или државен удар, туку на легални избори. И сега може нивните ботови да ми речат: ахааа, значи вие дојдовте со „државен удар“ на власт! Ама јас ќе им вратам едно друго, скокотливо контрапрашање: зошто на тие избори учествувавте ако знаевте дека ќе биде власта преземена со „државен удар“ или со „шарена револуција“? Зарем никогаш не сте слушнале за „бојкот“ како легитимно политичко средство?
Еве, на самиот крај, имам идеја до Мицковата и Апасиевата опозиција: на Ковачевски може да му плукнете под прозор или да извршите колективно самоубиство, а потоа ќе имате оправдание дека ве убил Ковачевски и СДСМ.