ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Тренчевска: Сите барања на пензионерите ќе се дискутираат во работната група, нема да има пензија под прагот на сиромаштија

September 1, 2023 14:45
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во гостувањето на утринската емисија „Утро“  на КТВ – Кавадарци, зборуваше за актуелностите поврзани со пензиите. Таа истакна дека досега се реализирани средби со Сојузот на пензионери, со здруженијата низ градовите во државата, со претставници на иницијативните одбори на пензионерите кои протестираат и  Партијата на пензионери.

Министерката информираше и дека е формирана и работна група, каде претставници се од министерствата за труд и социјална политика и финансии, Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, Битиќи, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Сојузот  на пензионери, МАПАС и приватните пензиски друштва. Првиот состанок  е закажан на 6ти септември.

„Целта на работната  група  е да се разгледаат сите барања од пензионери во државата  кои се пристигнати во министерството и  по истите да се дискутира. Се она што ќе произлезе, од дискусијата, од работата на работната група  во однос на мерки со кои што ќе се подобри животниот стандард на пензионерите, во делот на барањата за линеарно зголемување на пензиите, за минималната пензија и подготовка на закони или измени на закон за пензиско и инвалидско осигурување, се со цел да дојдеме до најдоброто решение за минимална пензија по примерот на државите од регионот,“ рече Тренчевска.

Министерката истакна дека, најдобар пример е дефинирањето на минималната пензија да се врзе со прагот на сиромаштија и да нема пензија под прагот на сиромаштија.  Таа додаде дека се чекаат анализите  од Светска Банка, во делот на проекциите за прагот на сиромаштија наназад неколку години и проекцијата за движењето во следните години. Тоа би било основа за креирање на одредби со кои ќе се регулира минималната пензија.

Тренчевска се осврна и на социјалните мерки кои ќе ги преземе Владата за зимскиот период, а со оглед на тоа дека најранлива категорија се оние со најниски пензии, ќе се креираат сет на мерки кои во фокус ќе ги имаат овие граѓани.

Таа посочи и дека со Фондот за здравство и Министерство  за здравство се разговара за проширување на позитивната листа на лекови како и за партиципацијата на болничкото лекување, се во насока да се обезбеди повеќе приход да останува кај пензионерите.

 

Tags: пензииТренчевска
Next Post

Црвениот крст пронајде 43 тела на првата линија на фронтот во Сомалија

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk