Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој денеска е во посета на Кијив, изјави дека има многу охрабрувачки напредок во украинската контраофанзива, пренесуваат странските агенции.
„Многу јасно се гледа значителниот напредок што го постигнувате сега во контраофанзивата и тоа е многу, многу охрабрувачко“, рече Блинкен на состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украинските сили започнаа контраофанзива за враќање на териториите окупирани од руските сили.
Извор: МИА