ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Министерката Тренчевска и евроамбасадорот Гир им порачаа на младите да го засилат активизмот во рамки на караванот „Остави трага“

September 6, 2023 21:13
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Со мултимедијален настан во Гостивар, како  дел од карванот „Остави трага“ и обраќања на министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, беа испратени пораки до младите да го зголемат нивното општествено учество и подигање на свеста за еднаквоста во општеството.

Евроамбасадорот Гир пред присутните во паркот до општинската зграда говореше за неговиот активизам од младите денови, кога, како што кажа, верувал дека може да го менува светот и во мали средини како неговиот роден град. Гир во изјава за МИА, напомена дека Гостивар е место каде е изразит мултикултурализам.

– Гостивар е прекрасен град со различности, со младо население и мојата порака вечерва за младите е: активирајте се, а ако веќе сте активни, останете активни, а пораката до целото население: градов има прекрасно наследство, наследство на различности и посилни и побогати сме кога работиме заедно и најдобро го искористуваме тоа наследство, рече амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир.

Министерката Јованка Тренчевска со своето обраќање се осврна на нејзиниот активизам на полето на родовата еднаквост, и како што напомена, процентуалната застапеност на жените во парламентот кај нас е и над Европскиот процент, а како држава сме најдобри во регионот.

– Досега сме направиле многу со граѓанските и меѓународните организации и нема да застанеме тука. На жената и е местото во сите сфери од општеството. За таму не е потребна сила, потребна е храброст и потребна е мудрост, а жените го имаат тоа. На ваков начин сакаме да пренесам и порака до младите и жените дека креираме политики кои ќе значат подобар квалитет и подостоинствен живот за секој во државата, рече Тренчевска на панел дискусијата на караванот „Остави трага“ во Гостивар.

Караванот „Остави трага“ има за цел да се поттикнат младите да го зголемат нивното општествено учество, активацијата и подигање на свеста за еднаквоста во општеството.

На панелот со свои обраќања имаа и Магдалена Несторовска, државна секретарка во МВР, Намик Дурмиши, заменик градоначалник на Општина Гостивар, Ема Нешкоски, координаторка на „Работилница за репарација на стари предмети“, Берин Мухамед, претседател на Сојуз на средношколци, Благица Ефтимова, проектна асистентка за глобален и регионален менаџмент, проф. Ермира Идризи, професорка на ЈИЕ Универзитет во Тетово, Неда Малеска, извршна директорка на Центар за управување со промени (ЦУП), Марија Андреева, проектна раководителка во рамки на канцеларијата на Советот на Европа (CoE) во Скопје.

Покрај панел дискусиите настанот беше збогатен со музички настапи, мини пиесата и сликање на уметнички дела на платно.

Серијата јавни настани која е насловена „Дојди и раскажи ја својата приказна – Остави трага“ ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи во соработка со Министерството за труд и социјална политика и со поддршка на проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.

Tags: „Остави трага“активизамГирТренчевска
Next Post
Фото: МИА

Берлинскиот процес ќе се одржи во Тирана на 16 октомври

Shortcut

Најново

Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби за сајбер напади и биолошко оружје

September 11, 2026

СДСМ поднесе закон, Минималната плата да се зголеми на 600 евра

September 11, 2026
New York, NY, September 19, 2001 -- Rescue workers climb over and dig through piles of rubble from the destroyed World Trade Center as the American flag billows over the debris.Photo by Andrea Booher/ FEMA News Photo

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

September 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk