ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бесими: Трендот на намалување на инфлацијата продолжува, мерките даваат резултат

September 7, 2023 14:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА

Продолжува трендот на намалување на инфлацијата и мерките даваат ефект. Инфлацијата во август е 8,3 проценти, претходниот месец беше 8,4, пред тоа беше 9,3, а во октомври минатата година беше 19,8 отсто. Со тоа ќе продолжиме и понатаму да даваме солидна поддршка за стопанството, но и за заштита на стандардот на граѓаните, особено на најранливите категории на граѓани во услови на криза, истакна денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

Нагласи дека и во проекциите на ребалансот Министерството за финансии останува на раст на БДП од 2,5 отсто и инфлација од 8,9 отсто на годишно ниво. Како што посочи наплатата на ДДВ во текот на годинава потфрли за шест милијарди денари кои се надополнуваат со растот на наплатата на персоналниот данок, данокот на добивка, придонесите и солидарниот данок.

-Ако номинално сме имале 78,5 милијарди денари сега имаме 72,5, значи 6 милијарди помалку. Овие 6 милијарди денари се надополнуваат со тоа што во персоналниот има раст од 1 милијарда денари, во данокот на добивка има раст 2,7 милијарди, притоа има раст исто и во придонесите и 3 милијарди денари има во данокот на солидарност. Со тоа се затвора приходната страна без притоа да има потреба да се задолжуваме како земја и да се зголеми дефицитот, рече Бесими во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата на која го презентираше предлог ребалансот на Буџетот за 2023 година.

Најави дека во септември или октомври годинава ќе биде издадена нова граѓанска обврзница, а се планира и првпат да се издаде зелена обврзница.

-Првата емисија на граѓанска обврзница ги надмина нашите проекции, ние излеговме со 10 милиони, а беа понудени 24 милиони денари. Одлична вест е што граѓаните се повеќе се заинтересирани за овој инструмент. Првичните проекции и најави беа дека двапати годишно ќе издаваме и дека ќе го има постојано во иднина на нашиот пазар. Исто така, зелената обврзница ќе биде нов пилот проект што првпат ќе се издаде оваа година. Размислуваме бидејќи е прв пилот проект средствата да одат директно во Фонот за енергетска ефикасност во Развојната банка каде што ќе се подржат проекти што се согласно стандардите за зелена економија, појасни Бесими.

Граѓанската обврзница, како што кажа, е веќе етаблирана и ќе се процени моментот кога ќе се објави, а зелената обврзница бара уште некои подготовки.

-За зелената обврзница се консултираме со меѓународни институции затоа што има одредени стандарди да се исполнат и тоа ќе го направиме, по што ќе биде уште една новина на нашиот финансиски пазар, потенцира Бесими.

Tags: Бесимиекономијаинфлација
Next Post

Инспекциски служби во Инџиково рушиле дивоградба деловен објект

НАЈНОВО

Студија: Отпорноста на антибиотици предизвикува десетици илјади смртни случаи во Германија

August 20, 2025
Генерирано со ВИ

Маск се откажува од плановите за нова политичка партија

August 20, 2025

Скупи – Римскиот град под Зајчев Рид, археолошки бисер кој во себе крие неистражени тајни

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk