ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Еколошки активисти му залепија торта во лице на директорот на Рајанер

September 7, 2023 21:00
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Мајкл О’Лири, извршен директор на Рајанер, една од најголемите европски авиокомпании, беше нападнат од еколошки активисти пред Европската комисија во Брисел.

Додека се подготвуваше да даде изјава за новинарите пред зградата на Европската комисија, двајца еколошки активисти му пријдоа на О’Лири и му залепија торта во лицето и грбот.

– Добредојдовте во Белгија. Запрете ги авионите кои ја загадуваат животната средина, рече при тоа една од активистите и се оддалечи од местото на инцидентот.

Со шлаг на лицето, О’Лири саркастично рече дека никогаш немал толку топло добредојде.

– За жал, овие луѓе се екологисти и шлагот што го користат е вештачки. Ги повикувам нашите патници во Ирска, каде што шлагот е многу подобар, рече тој.

По инцидентот, на социјалните мрежи на Рајанер беше објавена фотографија од О’Лири со лице измачкано со торта.

– Топло добредојде да ги прославиме седумте нови линии на Рајанер за зимата 2023 година. Патниците се толку задоволни од нашите нови линии што слават со торта, се вели во пораката.

О’Лири пристигна во Брисел за да и достави петиција претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен со која се повикува на заштита на „прелетувањата“ за време на штрајковите на контролата на летање.

Шефот на авиокомпанијата ги повика европските лидери да дозволат летовите кои поминуваат низ францускиот воздушен простор, но не полетувањето или слетувањето на француска територија, да бидат ослободени од ограничувањата наметнати по штрајкот на контролорите на летање во земјата.

Рајанер соопшти дека досега има собрано 1,8 милиони потписи на својата онлајн петиција.

Рајанер го користи аеродромот Шарлроа во Белгија како еден од центрите од каде што лета до многу градови во Европа.

Сепак, во последниве месеци активностите на Рајанер во Брисел беа во центарот на вниманието поради штрајковите на пилотите и другите работници. Вработените кои сакаат да ги подобрат условите за работа се подготвуваат за штрајк на 14 и 15 септември.

Рајанер е ирска нискобуџетна авиокомпанија со седиште во Даблин.

Tags: Еко-активистиРајанер
Next Post

Прекинат бојкотот на машиновозачите, товарниот железнички сообраќај стартува вечерва, а патничкиот од вторник

НАЈНОВО

Осомничената за грабежот на накит во Лувр пуштена од притвор

November 13, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или .ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025
Скриншот

Дијамантски брош на Наполеон, продаден за над 3,5 милиони франци

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk