ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Европската комисија објави упатство за избегнување на заобиколувањето на санкциите на ЕУ

September 7, 2023 14:45
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија денеска објави упатство наменето за правните субјекти во ЕУ, кое треба да им помогне да ги идентификуваат, проценат и сфатат можните ризици од заобиколувањето на воведените санкциите и како да го избегнат тоа.

– Оваа упатство има за цел да обезбеди општ преглед на она што треба да го прават операторите кога вршат длабинска анализа во нивната работа, како што бара правото на ЕУ. Според правото на ЕУ, операторите од ЕУ имаат обврска да вршат длабинска анализа при тргување со трети земји за да се осигураат дека нивните деловни партнери не ги заобиколуваат санкциите на Унијата, се посочува во соопштението на Еврокомисијата.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, упатството е замислено како практичен водич кој ги наведува чекорите што треба да ги применуваат компаниите при спроведување на стратешките проценки на ризик, со цел колку што е можно да ја ублажат нивната изложеност на шеми за заобиколување на санкциите.

Упатството содржи и листа на индикатори кои се дизајнирани со цел да ги предупредат европските компании за можни ризици кога стапуваат во комерцијални односи со нов трговски партнер.

ЕК потсетува дека по руската агресија врз Украина, ЕУ воведе рестриктивни мерки кон Русија и руски субјекти.

– Соочена со обемот на овие санкции, Русија создаде се поелаборирани шеми и техники за да ги заобиколи овие мерки. Со користење на такви сложени методи, Русија се обидува да ги набави стоките што очајно му се потребни на нејзиниот воено-индустриски комплекс за да продолжи со својата агресивна војна против народот на Украина, се наведува во соопштението.

Во врска со објавеното упатство, еврокомесарот за финансиски услуги и стабилност и за пазарот на капитал Мејрид Мекгинис потенцира дека санкциите на ЕУ имаат вистинско влијание врз руската способност за водење на војната, па затоа Русија „очајно бара начини да ги заобиколи“. – Напорите што ги прави Русија за да ги заобиколи нашите ограничувања се се покомплексни и непрепознатливи. Ова практично упатство ќе им помогне на извозниците од ЕУ да ги забележат „црвените знамиња“ и да го намалат ризикот од избегнување на санкциите, изјави Мекгинис, додавајќи дека поддршката на ЕУ за Украина е постојана.

Tags: Европска комисијаРусијасанкции
Next Post

Вкупно осум години затвор за двајца професори и две години условна казна за еден професор од Економски факултет за примање поткуп

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk