Премиерот Димитар Ковачевски, на средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир, ја реафирмираа силната поддршка од европските партнери за евроинтеграцискиот напредок на Република Северна Македонија, истакнуваат од Владата.
Следниот политички чекор по европскиот пат, како што е констатирано, е директно поврзан со подобрувањето на квалитетот на живот на македонските граѓани.
Исто така, исчекорот се очекува во европската заедница, како прашање од важност за стабилноста на европскиот континент.
На средбата е заеднички оценето дека сите политички субјекти во земјава и сите институции е неопходно да се фокусираат на одлуки што ја доближуваат Северна Македонија кон европската цел.