Пишува: ЉУБОМИР ШОПОВСКИ
Морализирањето заради штетата по правниот поредок со донесувањето на новиот закон е само тресење на вината од себе, како куче кога ги тресе болвите. Непоправлива штета на правниот поредок направи Груевски со сесрдна поддршка од правниот факултет и отровно корумпираните медиумски лигуши. Уште поголема штета направивте вие, кои сега морализирате, а во 2016 им дадовте педесет и еден пратеник на бандата која претходно ја бутна државата на колена.
Каде бевте да кукате по морал и легалитет кога пудлицата на Груевски – Мицкоски отворено ја ставаше иднината на државата во залог за парче власт? Избори час поскоро во замена на иднина. Нема избори – нема иднина.
Иако беше очигледно дека ВМРО ја злоупотребува моќта во парламентот која ВИЕ му ја ставивте на располагање, за да ја распродава на штета на иднината на целата држава, вие кукавте поради непостоечкиот бугарски диктат (кој патем Европа ни го намести како пенал на празен гол). Вие кукавте дека ќе се бугаризираме и не дозволувавте државата да го изведе пеналот. Ја криевте топката… Не, не ви беше до државата, вашата цел беше да го вратите ВМРО. Го гледаме тоа, до толку барем имаме ум. И сега не ви е до правниот поредок, вам ви пречи што со влегување во ЕУ, нема да постои ВМРО бандата. Ќе морате да се потпрете само на себе и сопствените способности, а не на колективните, кои патем се нарекуваат национализам.
И немојте да се вадите дека поради новиот закон Груевски ќе може да се врати. Вие тоа всушност и го сакате. Мене на пример, не ми е важно дали ќе го гледам Груевски на улица. Би го менувал тоа за просперитетот на државата. Едноставно со презир ќе ја завртам главата и ќе прејдам на другата страна од улицата, а вие кои сега божем кукате, вие пак ќе го гласате. Како што го гласавте Стевчо и Данела. Ви текнува??? Не??? Не ме чуди…
Само да знаете, проѕирни сте како најлон гаќи…