ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ не објавуваат јавно за нивната посета на САД, Муцунски и Ѓорѓиевски споделуваат фотографии како да се овде

September 11, 2023 12:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, како и градоначалниците на Кисела Вода, Аеродром, Битола, Крушево и Гостивар веќе шести ден се во посета на Вашингтон, САД на покана од Амбасадата на САД во Северна Македонија како гости на Стејт Департментот. Посетата ќе трае до 16 септември.

Орце Ѓоргиевски, Тимчо Муцунски, Тони Коњановски, Томе Христоски и Арбен Таравари се вклучени во работната посета во Вашингтон, но она што е евидентно од нивните профили на социјалните мрежи е дека дел од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не објавуваат јавно за нивната посета, а дел од нив пак, објавуваат постови како да се физички присутни во земјава, објави Мета.мк.

Иако социјалните мрежи на градоначалниците секогаш се преполни со информации, дури и за најспоредни активности, зачудувачки е зошто е заобиколена информацијата дека тие ќе престојуваат во САД десет дена. Уште позачудувачки е зошто дел градоначалници објавуваат фотографии како во овој период, кој се поклопи со Денот на независноста, да се присутни во Македонија, а всушност не се.

Па така на пример, за 8 Септември, Денот на независноста, градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, објави дека „со свечен настан за подигнување на македонското знаме и изведба на химната од детскиот хор, во основното училиште „Лазо Ангеловски“ беше одбележан Денот на независноста на Република Македонија – Осми септември“. Никаде во објавата не може ниту да се претпостави дека фотографиите и настанот се одржани пред 8 септември, а тој е фотографиран со дел од присутните.

Принтскрин, Фејсбук страна на градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски

Градоначалникот на Кисела Вода, пак, Орце Ѓоргиевски, на 9 септември има објава за изградба на нов фудбалски терен и детско игралиште во ООУ „Круме Кепески”, на која што е и самиот присутен и фотографиран, но фотографиите веројатно се направени пред 6 септември.

„Точно е дека сме во работна посета на САД, но за тоа ќе објавиме накнадно, така сме договорени во партијата. Профилите на социјалните мрежи ни се активни и се споделуваат фотографии и постови за тековни активности“, ни изјави градоначалникот Ѓеоргиевски.

Муцунски, пак, не одговори на нашите пораки.

За работната посета во САД, градоначалничката на Скопје Данела Арсовска нема никаква информација, додека редовно на социјалните мрежи објавуваат фотографии градоначалниците на Крушево и на Гостивар, Томе Христоски и Арбен Таравари.

Христоски споделува и фотографии од сите учесници на работната посета, со агенда од истата, па така всушност и можеше да се забележи кој сè е дел од истата.

Градоначалникот Таравари, пак, освен фотографии, има споделено и негово интервју што го дал за Гласот на Америка, додека е во посета на Вашингтон.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, за неговата посета во САД информираше во рамки на негова објава на Фејсбук, дека е изгласан ребалансот на буџетот, заблагодарувајќи им се на советниците и велејќи дека „по неговото враќање од САД, ќе ги повика сите координатори на советничките групи и претставниците на администрацијата да учествуваат во изготвувањето на 3 годишната развојна програма која треба да биде усвоена до 15 ноември“.

Инаку, градоначалниците, како и професорот Борче Треноски, се во десетдневна посета во рамки на Програмата за лидерство за меѓународни посетители, „Ефективно управување со финансиите и ресурсите на локалната самоуправа“.

Извор: Мета.мк

Next Post

АЛБАНСКИ МЕДИУМИ: Османи Бегај во Скопје на Процесот Брдо –Бриони; Косовските „Пријатели на Америка“ со почести пред жртвите на 11 септември; Косово ќе биде домаќин на Медитеранските игри во 2030 година

Shortcut

Најново

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk