ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Аселборн: Северна Македонија оди во правилна насока

September 13, 2023 20:02
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија го реши проблемот со името и штом постои решение, можеме да кажеме дека оди во правилна насока и можеме да прифатиме дека постои почеток на преговори со Северна Македонија, порача министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн по средбата во Атина со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис, јави дописничката на МИА од Атина.

Аселборн и Герапетритис на заедничката прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање говореа за европската перспектива на Западен Балкан, а министерот за надворешни работи на Луксембург се осврна на напредокот на секоја од земја поеднечно и паралелно порача дека 20 години по Солунската агенда, должност и предизвик за ЕУ е да ги прифатиме овие земји.

-Балканот е двор на Европа, не е ниту на Саудиска Арабија, ниту на Русија, ниту на Турција, ниту на Кина. Треба да ги охрабриме балканските земји да го направат она што е изводливо,доколку сакаат да станат членки на ЕУ. Секоја земја има различни предизвици за решавање. Нивната иднина, за нивната младина го велам тоа, е во рамките на ЕУ. Па така, ќе треба да направат сè за да станат членки, бидејќи сега сме 20 години по Солун, рече Аселборн.

Шефот на грчката дипломатија уште еднаш ја повтори поддршката на Грција за ЕУ перспективата на регионот, објаснувајќи дека секоја земја има свои посебни карактеристики и мора да се почитуваат и условите поставени од институциите на Европската унија, а се осврна и на денешната средба со заменик-претседателот на Владата на Северна Македонија.

-Денеска имав можност да разговарам со вицепремиерот на Северна Македонија за прашањата поврзани со проширувањето на Западен Балкан и особено со соседната земја, да ги констатираме прашањата што се појавуваат и да го пренесам темелниот став на нашата земја дека начелно се стремиме и ја охрабруваме интеграцијата на земјите од Западен Балкан во европското семејство, порача Герапетритис. ќ

Извор: МИА

Tags: Аселборнатина
Next Post

Инвеститорски ден на Берзата, склучени 207 трансакции, промет од 595 илјади евра во БЕСТ системот

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk