ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Реализацијата на капитални расходи досега е за 136 отсто повисока од лани

September 13, 2023 09:29
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Капиталните расходи заклучно 11 септември се остварени во износ од 26 милијарди денари или тоа е натфрлање за 136 отсто во однос на лани. Континуирано се работи на зголемување на сумата за капитални расходи во буџетот, но и во подобрување на нивната реализација, поради нивниот мултипликативен ефект во економијата, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими.

Во гостување во „Дневникот“ на националниот сервис МРТВ, Бесими истакна дека пренасочувањето на дел од средствата од капиталните расходи со прераспределбата во Буџетот, за зголемување на платите во јавниот сектор и пензиите, е од проекти каде динамиката на реализација тоа го дозволува, како и дека значајни заштеди со прераспределбата се прават и на ставката стоки и услуги.

Министерот наведе дека во изминатите неколку години се воведени повеќе буџетски механизми за подобрување на реализацијата на капиталните расходи од страна на институциите. Еден од нив е механизмот КАПЕФ, со кој се поставуваат тримесечни таргети и доколку потфрли реализацијата, на институциите им се резервираат средствата за капитални кои не ги искористиле.

-Треба да се истакне дека при прераспределбата на буџетот, се намалуваат ставките на одделни проекти согласно динамиката на реализацијата. Ова се главно средства од развојни програми преку странски кредитори. Доколку кон крајот на годината забрза динамиката на реализација, ќе се повлечат средства, посочи министерот за финансии.

Тој потенцира  и дека во последното тримесечје од годината, како и секоја година, се очекува забрзување на реализација на капиталните расходи.

Со прераспределбата на средствата во Буџетот се обезбедуваат 4,25 милијарди денари за зголемување на платите за 10  отсто и за К-15 од 10.000 денари за 106.000 вработени во јавниот сектор. Исто така, се обезбедуваат 3,5 милијарди денари за ново зголемување на пензиите за 336.000 пензионери.

Министерот за финансии Бесими посочи дека во Буџетот се направени значајни заштеди во ставката стоки и услуги, иако тоа можеби не се гледа во крајната бројка поради покачување на средствата за набавка на лекови и на учебници.

Tags: Бесимикапитални расходи
Next Post
Korean Central News Agency/Korea News Service via AP

Северна Кореја лансираше балистичка ракета

Shortcut

Најново

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
Протести во Албанија, октомври 2026 (globalnews.ca)

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ) Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Брвеница избира градоначалник: Во трка се шест кандидати

October 18, 2026

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk