ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Колку навистина сме желни за правда и функционален правен систем?

September 14, 2023 12:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ГОРАН ВОЛКАНОСКИ

Овие денови се крена многу прашина околу измените на Кривичниот законик.

Јас би бил навистина среќен доколку позади оваа бурна реакција во јавноста, навистина стои искрен стремеж за функционален правен систем!

Кога ова го кажувам, се навраќам на не така далечното минато.

Прво, кога требаше да рушиме криминален режим, кој ја имаше оковано државата во страв, и покрај свесноста за целосната криминализираност и уништениот правен систем, поривот за менување на состојбите, кај граѓанството, беше многу низок. Потврда за оваа констатација се резултатите на Парламентарните избори во декември 2016-та! Резултатите од овие избори (450.000 гласаа за разголената криминална структура) се рефлектираа крајно негативно на сите процеси кои следеа. До ден денес последиците од резултатите на тие избори ги чувствуваме. Не се ослободивме во вистинска смисла на зборот. Всушност, имам чувство. И ден денес, како да не сакаме да се ослободиме! Како да се плашиме од слободен живот. Од живеење во систем кој ќе се гради лична и општествена одговорност!

Знаете, ние не сакаме ни денес да покажеме дека сакаме да изградиме ефикасен правен систем, ефикасен здравствен систем, ефикасен државен систем со одговорни институции.

Оваа хајка што ја прават корумпираните медиуми, дебело потплатени од ретроградните сили за да создаваат хистерија за рушење на власта не е со намера да се создадат околности за решавање на системските слабости! Тие што навистина сакаат оваа држава да профункционира во секоја смисла. Па и во правна смисла. Тие недвосмислено го подржуваат процесот на наше евроинтегрирање и европеизирање! Како единствен начин, во релативно краток временски период (мислам на период од неколку години) да станеме држава со одговорни институции. Надвор од евроинтегративните процеси немаме шанса!

Парадоксалните ситуации кои ни се случуваат (несаканите компромиси) се резултат само на животот во илузии во минативе триесеттина години. Илузии кој ги оттргнуваа луѓето од реалноста. Ги правеа погодна маса за манипулација за остварување на политички цели! Тоа сè уште го прават силите на кои ни на крај памет не им е од Македонија да направат правна држава. Држава во која на пиедестал ќе бидат ставени правата и интересите на граѓаните. На обичните луѓе кои се најмногу засегнати од тоа дали Македонија ќе успее да стане дел од заедницата која изградила и сè уште гради цивилизациски вредности и стандарди кои овозможуваат достоинствен живот! Дел од ЕУ!

Да завршам. Шансата, да изградиме функционален и одговорен систем во сите сфери на нашето живеење (здравство, судство….) е пред нас! Дали ќе ја искористиме, ќе зависи од сите нас! Ако нашиот порив за високи стандарди во здравството, во судството, во сите сфери, е искрен. Тогаш тоа ќе го покажеме само со поддршка на процесите на наше евроинтегрирање и европеизирање! Друг пат, нема!


Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: правдафункционален правен систем

НАЈНОВО

Албански медиуми: „Теленовела“ Рама-Фараж; Косовските партиски лидери на средба кај претседателката поради кризата со собранието; 35 години од Декларацијата на косовскиот Устав

July 2, 2025

Без вода стариот дел на градот, без струја речиси цел Дебар и неколку населени места

July 2, 2025

СДСМ за изјавата на Кос: Не сметаме дека еврокомесарката имашe лоша намера, но треба да се биде внимателен за чувствителни прашања

July 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кос: Ситуацијата е јасна – откако ќе се направата уставните промени веднаш започнуваме со меѓувладина конфернција без било какви дополнителни политички условувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одамна мртов сателит на НАСА емитува силен радио сигнал, збунувајќи ги астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk