ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЦИВИЛ за Меѓународниот ден на демократијата: Демократијата е исправена пред жестоки предизвици

September 15, 2023 15:19
in PMD, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Photo by Josh Barwick on Unsplash

Photo by Josh Barwick on Unsplash

На денешен ден, пред 16 години светот започна да го одбележува Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември. Овој ден се одбележува секоја година низ светот за да се зајакне демократијата и да се истакнат нејзините вредности и принципи.

Темата на Меѓународниот ден на демократијата оваа година е „Зајакнување на следната генерација“. ОН се фокусира на суштинската улога на младите во унапредувањето на демократијата и обезбедувањето дека нивните гласови се вклучени во одлуките кои имаат големо влијание врз нивниот свет. Климатска правда и демократија се дел од таа тема. Ефектите од климатската криза врз животната средина денес е невозможно да се игнорираат, а станува сè поочигледно дека тоа е предизвик за демократијата: растечката несигурност на храна, миграцијата, недостигот на вода и екстремните временски настани предизвикуваат конфликти и им тежат како проблеми на гласачите.

ЦИВИЛ им го честита Меѓународниот ден на демократијата на сите граѓанки и граѓани во земјата и во светот, со повик за почитување на принципите на демократијата секогаш и секаде, и порачува дека декларациите за демократски свет треба час поскоро да се претворат во дела.

Вредностите на слободата, почитувањето на човековите права и принципот на одржување периодични и вистински избори со универзално право на глас се основните елементи на демократијата. За возврат, демократијата обезбедува природно опкружување за заштита и ефективно реализирање на човековите права. Овие вредности се отелотворени во Универзалната декларација за човекови права и понатаму се развиваат во Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, меѓународни документи кои опфаќаат мноштво политички права и граѓански слободи кои наметнуваат обврска на државите да ги почитуваат.

Но демократија не значи само право на глас, туку и право на достоинствен живот од секој аспект, право на определба, учество, соработка, еднаквост и почит.

Во овие речиси две години, светот сведочи на уште едно грозоморно и масовно газење и рушење на демократијата и човековите права и територијалниот интегритет со руската воената агресија против Украина. Оваа војна е исклучително болна за демократските вредности на целото човештво.

Истовремено, сиот демократски свет негува надеж дека храбрата украинска нација, со поддршка од сите демократски сили во светот, ќе се ослободи и ќе се издигне повторно.

ЦИВИЛ како организација за човекови права и слободи, со длабоко вкоренети убедувања и дејствување во одбрана и промоција на универзалните човекови права и слободи, и демократските вредности – упатува повик до сите демократски сили во светот да не потклекнуваат пред предизвиците на злото.

Меѓународниот ден на демократијата дава можност да се разгледа состојбата на демократијата во светот и дома. Демократијата е исправена пред жестоки предизвици. Таа е исто толку процес, колку што е и цел. Само со целосно учество и поддршка од граѓанките и граѓаните, како и од институциите, медиумите, граѓанското општество и меѓународната заедница, идеалот за демократија може да се претвори во реалност што ќе ја уживаат сите граѓанки и граѓани низ целиот свет.

Врската помеѓу демократијата и човековите права, меѓу другото, се утврдува и во членот 21 (3) од Универзалната декларација за човекови права, во кој се вели:

„Волјата на народот ќе биде основа на авторитетот на владата; оваа волја ќе биде изразена на периодични и вистински избори што ќе бидат со универзално и рамноправно избирачко право и ќе се одржуваат со тајно гласање или со еквивалентни бесплатни постапки за гласање. “

Честит Меѓународниот ден на демократијата!

ЦИВИЛ

Tags: демократијаКлиматски промениОНРуска агресијаУкраинаЦИВИЛчовекови права
Next Post

Бегај - Јотова: Бројни можности за зајакнување на партнерството меѓу двете земји

НАЈНОВО

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

Косово со зголемен пораст на самоубиства, организации бараат поголема поддршка за маргинализираните групи

August 20, 2025

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk