ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Порака на ЕК по повод Меѓународен ден на демократијата: Ерозијата на демократијата и човековите права е реалност

September 15, 2023 09:33
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Демократијата ги трансформираше и подобри општествата ширум светот, но сепак ерозијата на демократијата и човековите права е реалност која никого не поштедува, се наведува во заедничка изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и еврокомесарката за демократија и демографија Дубравка Шуица по повод Меѓународен ден на демократијата – 15 септември.

– Руската агресивна војна против Украина е исто така напад врз демократијата и поредокот заснован на правила. Европската Унија, нејзините земји членки и демократиите од целиот свет се здружија во поддршката на Украина, признавајќи дека се загрозени основачките принципи на нашите општества, се наведува во пораката, во која се додава дека ЕУ ја потврдува својата непоколеблива определба за поддршка и одбрана на демократијата, заснована на универзалните човекови права, како на територијата на Унијата, така и надвор од нејзините граници.

Борел и Шуица потенцираат дека ниту една демократија не е имуна на предизвиците со кои се соочува светот денес.

– Мораме секогаш да останеме будни и да дејствуваме според континуираните обиди за напади врз владеењето на правото, за потиснување на граѓанските слободи, за манипулирање со изборите и за репресија на граѓанското општество. Додека авторитарните режими развиваат и шират лажни наративи кои се претставуваат како лесни алтернативи на демократиите, не треба да го потценуваме злобниот потенцијал на активностите за манипулација со информации и дезинформации, се додава во пораката.

Претставниците на ЕК посочуваат дека силата на демократијата лежи во инклузивноста, бидејќи кога луѓето од сите генерации се способни да ги користат своите слободи и права за да партиципираат и да бидат вклопени во нивните општества, ќе можат да се спротивстават на авторитаризмот.

– Ние сме решени да ги заштитиме демократските институции на кои се заснова нашата демократија. Таа заштита оди рака под рака со продлабочување на нашиот ангажман со граѓаните за градење на демократска отпорност. Нашата заложба за инклузивност е илустрирана со нашите иновации за ангажман на граѓаните во Европската Унија преку граѓански панели, кои се надоврзуваат на успехот на Конференцијата за иднината на Европа. Иновациите во нашиот демократски екосистем ни овозможуваат да ги споделуваме научените лекции со другите, како што и ние учиме лекции од нив. Покрај тоа, нашата глобална работа за поголемо учество на жените, младите и децата во јавните работи и донесувањето одлуки е инвестиција во иднината. Ова се поврзува со важноста од пренесување на основните вредности на граѓаните и нивно стекнување со вештините потребни за инклузивност и одржување на демократијата, се потенцира во изјавата.

Борел и Шуица потенцираат дека Европската Унија ќе продолжи да се ангажира за здружување на силите со земјите ширум светот што веруваат во демократските принципи и вредности за активна поддршка на државите насочени кон демократијата.

– Затоа што заедно ја градиме демократијата. Заедно ја браниме демократијата. Заедно, ја поддржуваме универзалноста на човековите права, се истакнува во пораката на Европската комисија по повод Меѓународен ден на демократијата – 15 септември.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУМеѓународен ден на демократијатапорака

НАЈНОВО

Патот од Подмоље до Охрид вечерва ќе биде пуштен во сообраќај

June 21, 2025

Македонија е првата европска земја што доби турски влечни хаубици БОРАН

June 21, 2025
Инаугурација на папата Лав XIV. Фото: Скриншот

Папата предупредува на предизвиците кои ги носи вештачката интелигенција

June 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Конечната пресуда за убиствата на Вања и Панче на 25 јуни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk