Канада ќе одвои 24,5 милиони долари за заедничка набавка на одбранбена опрема со Велика Британија за системи за противвоздушна одбрана за Украина, изјави канадскиот министер за одбрана Бил Блер.
Блер истакна дека ова е дел од воената помош вредна половина милијарда канадски долари (околу 370 милиони американски долари), која премиерот Џастин Трудо и ја ветил на Украина за време на неговата посета на Киев во јуни.
Канада, дом на една од најголемите украински дијаспори во светот, е гласен поддржувач на Киев. Од почетокот на руската инвазија, таа и обезбеди помош на Украина во износ од околу 6 милијарди американски долари, од кои околу една четвртина се наменети за воена поддршка.
Канадските власти соработуваа со земји како што се САД, Холандија и Данска за да изнајмат стотици ракети за противвоздушна одбрана со мал и среден дострел и сродни системи.
Извор: МИА