Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин пристигна во воздухопловната база Рамштајн, Германија каде утре ќе претседава со 15-от состанок на Контакт групата за одбрана на Украина.
Ќе се сретнам со коалициските партнери од речиси 50 земји за да разговарам за тековната војна во Украина, за безбедносната помош и да ја зголемиме нашата поддршка за Украина во нејзината борба за одбрана на нејзиниот суверенитет, напиша Остин на платформата Х.
Wheels up @Andrews_JBA en route to Germany where I’ll host the 15th meeting of the Ukraine Defense Contact Group. I’ll meet with coalition partners from nearly 50 countries to discuss the ongoing war in Ukraine, security assistance, and to reinforce our support for Ukraine in its… pic.twitter.com/hPHDYyZKsO
— Secretary of Defense Lloyd J. Austin III (@SecDef) September 18, 2023
По неговото пристигнување во Германија тој истакна дека „оваа коалиција на земји се здружува во критично време и ја нагласува непоколебливата решеност на меѓународната заедница да им помогне на напорите на Украина да ја одбрани својата нација од руската агресивна војна“.
Wheels down at Ramstein Air Base, Germany.
Tomorrow I’ll host the 15th Ukraine Defense Contact Group. This coalition of countries are coming together at a critical time, and underscores the unwavering resolve of the international community to aid Ukraine’s efforts to defend… pic.twitter.com/w8o3TSPWIy
— Secretary of Defense Lloyd J. Austin III (@SecDef) September 18, 2023
Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров се очекува да ја одржи својата прва тет-а тет средба со Остин.
Г. Т.