ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Оската на отпадниците

Руските договори за оружје со Северна Кореја и Иран укажуваат на појава на нова оска на отпадници: земји обединети во нивната подготвеност да го прекршат меѓународното право и да ги игнорираат санкциите на Обединетите нации. Водени од очај, овие отпадници претставуваат закана за регионалната и глобалната стабилност, што не треба да се потцени.

September 19, 2023 13:55
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, СВЕТ
фото: EPA.

фото: EPA.

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: КАРЛ БИЛД / / Project Syndicate

Рускиот претседател Владимир Путин имаше очигледни причини да му биде домаќин на севернокорејскиот диктатор Ким Јонг-ун во Восточни, новиот руски космодром во источен Сибир, овој месец. Како резултат на својата нелегална агресорска војна во Украина, на Путин му снемуваат пријатели и муниција.

Космодромот Восочни има проблематична историја. Наменет да го замени објектот Бајконур во Казахстан, неговата изградба беше отежната со бројни одложувања и обвинувања за корупција и лошо управување. Сега, ретко се употребува – иако ја лансираше важната мисија Луна-25 која неодамна се урна на месечината.

Руско-севернокорејските односи имаат слична приказна. Некогаш, врската меѓу Кремљ и режимот на Ким беше цврста. Патем, комунистичка Северна Кореја во суштина беше советска креација и во голема мера се потпираше на советска поддршка со децении. Но, по падот на Советскиот Сојуз, руските лидери гледаа повеќе да добијат со развивање на односите со Јужна Кореја која беше во подем. Кремљ ефикасно смени страни, приклучувајќи се (неуспешно) на меѓународните напори да го спречи Осаменото Кралство да развива нуклеарно оружје.

Сега, состојбата повторно се смени. Обидот на Путин да ја избриши Украина од картата на Европа ја направи Русија меѓународен отпадник – исто како Северна Кореја. Поголем дел од светските развиени економии имаат потпишано сеопфатни санкции против Русија, а Генералното собрание на Обединетите нации има издадено неколку резолуции со кои се осудува агресорската војна на Путин. Малкуте земји кои се на страната на Русија сочинуваат меѓународна галерија на одметници: Еритреја, Сирија, Никарагва, Белорусија, Мали и  – секако – Северна Кореја.

Во меѓувреме, многу земји кои се воздржаа од овие гласања во ОН, сé повеќе ги искажуваат своите несогласувања со војната на Путин. На неодамнешниот самит на Г20 во Њу Делхи, на пример, конечната заедничка декларација вклучуваше јасна потврда на принципот на територијален интегритет – очигледно однесувајќи се на руската агресија и погрешно создадените стратешки цели на Кремљ.

Путин очекуваше брза победа кога ја започна својата војна во февруари 2022 година, но, руските сили оттогаш имаат изгубено околу половина од тоа што го зазедоа за време на првичната инвазија. После речиси 600 дена, тие се заглавени и се борат да се одбранат себеси од независната, демократска украинска државност која е решена да ја брани својата слобода.

Под овие околности, каде на Путин му е потребен секој можен пријател, Северна Кореја одеднаш е повторно во корист на Кремљ. Со своето целосно милитаризирано општество и обилни залихи на стара артилериска муниција според советски стандард, режимот на Ким изгледа како спас за осакатените воени напори на Русија.

Поради тоа, Путин немаше многу избор освен да го отвори црвениот килим за севернокорејскиот диктатор. Иако деталите за зделките во Восточни ќе останат неоткриени, слободно може да се претпостави дека Русија ќе добие муниција во замена за разни основни работи што на Северна Кореја и се очајно потребни, и тоа не само храна и енергија. Покрај тоа, се зборува дека Русија и помага на Северна Кореја во развивање и распоредување на сателити, област во која е исклучително неуспешна.

Какви и да се деталите, мал е сомнежот дека договорот ги прекршува санкциите на Советот за безбедност на ОН против Северна Кореја, кои првобитно беа поставени со руска поддршка. Во тврдењето дека режимот на санкции за Северна Кореја е прашање на ОН, а не на Русија, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, е крајно нечесен.

Сведоци сме на појавата на оската на отпадници: земји обединети во нивната подготвеност да го прекршат меѓународното право со започнување на војни, развивање на нуклеарно оружје и кршење на санкции. Овој список, исто така, го вклучува и Иран, каде Русија се снабдува со камикази дронови за да ги напаѓа украинските градови и цивилното население.

Но, не правете грешка: да се обратиш на земја како Северна Кореја е знак на длабока слабост. Кина и Индија можеби отворено не ја осудуваат руската агресија, но, ниту пак ја поддржале или направиле нешто многу да помогнат во воените напори на Путин (освен што набавуваат руски јаглеводороди). И каква и да поддршка што можат Белорусија, Еритреја, Сирија или Мали да ја понудат, тоа нема да му помогне на Кремљ да ги постигне целите на својата „специјална воена операција“ во Украина.

Сепак, овие отпадници, водени од очај, ќе ја продлабочат својата соработка, воведувајќи нови ризици за регионалната стабилност и глобалниот поредок. На пример, ако Русија ја снабди Северна Кореја со технологиите што и се потребни за да ги унапреди своите ракетни или нуклеарни програми, тоа сигурно ќе има последици за безбедноста на североисточна Азија.

Русија и Северна Кореја можеби не успеваат во нивните вселенски напори. Но, нивното кршење на санкции и правила тука на Земјата сигурно ќе има дестабилизирачки ефект на меѓународниот поредок.

Карл Билд беше министер за надворешни работи на Шведска од 2006 до 2014 година и премиер од 1991 до 1994 година, кога преговараше за членството на Шведска во ЕУ. Познат меѓународен дипломат, тој беше Специјален претставник на ЕУ за Поранешна Југославија, Висок претставник за Босна и Херцеговина, Специјален претставник за ОН за Балканот и копретседавач на Дејтонската мировна конференција. Тој е копретседавач на Европскиот совет за надворешни односи.

Превод: Наташа Цветковска


Текстот е преземен од Project Syndicate и објавен на FRONTLINE. Линк до оригиналот: The Axis of Outcasts. Понатамошно преземање не е дозволено без писмена дозвола од Редакцијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: PROJECT SYNDICATEВладимир ПутиКарл БилдКим Џонг-Ун

НАЈНОВО

СЗО: Два милиона луѓе гладуваат во Појасот Газа

May 19, 2025
Фото: Х на Володимир Зеленски

Зеленски му подари на папата Лав XIV икона насликана на фрагмент од сандак за муниција донесена од Изјум

May 19, 2025

Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Дуковска за уставен судија, Судски Совет неправилно гласал

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистиката на папската облека и прстенот – симболи на моќ, жртва и светост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk