ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Колку вреди зборот на Меџити: До кога ќе се играат игри со здравјето и животот на дијабетичарите

September 20, 2023 16:14
in PMD, ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, КОМЕНТАРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Иако министерот за здравство Фатмир Меџити пред повеќе од еден месец вети дека во најскоро време ќе биде исполнети барањата на дијабетичарите, тие се уште се соочуваат со сериозен недостиг на ленти, игли и сензори за деца и апарати за мерење шеќер во крвта.

И по девет месеци лицата со дијабетес, чиј вкупен број на евидентирани случаи,  според последниот извештај на Институтот за јавно здравје  во државата е 135. 690, а само минатата година во Македонија биле новодијагностицирани 7.460 пациенти, не ја добија ветената антидијабетска терапија, игли, ленти, глукомери,

Минатиот месец, преку нивниот Сојуз испратија протесно писмо до Министерството за здравство и рекоа дека нема повеќе да протестираат, туку борбата ќе ја водата правно, по што конечно, во понеделникот поднесоа претставка за работа на Министерството за здравство, откако во законскиот рок не добиле одговор зошто девет месеци немаат глукомери, ленти за мерење на шеќерот во крвта. Сојузот на здруженија на дијабетичари (СЗД) претставката ја доставил до Народниот правобранител Насер Зибери.

Дијабетичарите велат дека во овој период од девет месеци им е повредено правото за здравствена заштита гарантирано со Устав. Нема ниту системи за континуирано мерење на гликемија за деца и млади до 18 години. Немањето на овие средства влијае на и онака нарушеното здравје на пациентите. Кон крајот на август почнало да се делат глукомери и ленти, за кои подоцна се дознало дека се некоја постара донација.

Дијабетичарите се гневни, бидејќи наместо државата да им помогне и да им го олесни секојдневното живеење, тие се соочени да не знаат дали ќе го преживееме утрешниот ден, дали ќе се разбудат следното утро и ќе ги видат нивните деца.

Покрај недостатокот на овие средства неопходни за квалитетен живот на лицата со дијабет, проблем претставува и чудните критериуми за распределување на месечните терапија со инсулинска и антидијабетната терапија.

За новововедената терапија со лекот Рибелсус, кој во пакување од 30 таблети, треба да е доволен за еден месец, но само доколку месецот има 30 дена, системско решение за подигање на месечната доза дозволува лекот да се подигне најрано 1 ден пред датумот од подигање за минатиот месец, што доведува до тоа лицето корисник на оваа терапија, следната да ја земе во 5 до 12. Дополнителен стрес претсавува доколку лицето во тие денови треба да отпатува, како што во случајов е и мојата ситуација. Поради системското решение, лекот не можев да го подигнам ниту барем два дена предходно, така што сум принуден да заминам на пат без потребниот лек, и за сите денови на мојот престој надвор од државата, да бидам без терапија.

Дополнително, еден период во земјава имаше и дисконтинуирано снабдување со одреден тип на инсулин, додека  дефицитарни се и иглите за една употреба за таканаречените „пенкала“ со инсулин, од кои месечно до корисниците се дистрибуираат по 20 игли. Корисниците на инсулин, истиот го вбризгуват најмалку два-три пати на ден, со што оваа количина на игли им е доволна само за 7 до 10 дена, при што се принудени една иста игла за еднократнаупотреба да ја употребат повеќе пати.

Дијабетичарите велат дека во овој период од девет месеци им е повредено правото за здравствена заштита гарантирано со Устав. Нема ниту системи за континуирано мерење на гликемија за деца и млади до 18 години. Немањето на овие средства влијае на и онака нарушеното здравје на пациентите. Кон крајот на август почнало да се делат глукомери и ленти, за кои подоцна се дознало дека се некоја постара донација, а и тие веќе не се во оптек.

Дијабетесот е една од состојбите во кои стресот игра важна улога. Според едно истражување на Универзитетот во Гетеборг, ризикот од развој на дијабетес тип 2 е 45% поголем доколку стресот опстојува подолго време. Исто така, вклучувањето на стресот во еволуцијата на дијабетес не треба да се занемари, бидејќи е исто така одговорно за појава на компликации.

Луѓето со дијабетес се поранливи на стрес. Во оваа категорија, контролата на шеќерот во крвта е веќе проблематична, а зголеменото ниво на кортизол како резултат на стресот доведува до Кушингов синдром. Тоа е предизвикано од продолжено изложување на кортизол и се манифестира со специфично зголемување на телесната тежина (масни наслаги на лицето, вратот, околу половината), проблеми со кожата (стануваат потенки, малку се појавуваат модринки, стрии, рани се потешко се лекува), ментални нарушувања, хормонални нарушувања, остеопороза и мускулни проблеми.

Во случај на дијабетичари, стресот исто така може да го забрза појавувањето на кардиоваскуларни компликации како резултат на висок крвен притисок, но исто така и на системски компликации како резултат на висок шеќер во крвта.

Се чини дека за Минестерството за здравство, и за министерот кој се расфрла со ветувања, а потоа истите не ги исполнува, здравјето и животот на лицата со дијабетес се само игра (на тендери).

Драган Мишев / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: дијабетМеџити

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Украина и Русија во Истанбул договорија размена на воени заробеници

June 2, 2025

Бербок избрана за претседателка на Генералното собрание на ОН

June 2, 2025

Јахоски патувал надвор од државата со пасош издаден од МВР по решение на Апелација

June 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ: Правеле зграда каде што била предвидена улица, хаос со дивоградбите во Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Завршија преговорите Русија – Украина во Истанбул

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додека лавчињата се касаат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Мицкоски му било жал што Арсовска добивалa закани по живот, таа вели – ми спуштаат на 192 кога ќе се претставам кој се јавува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меѓународниот ден на детето одбележан со посветеност и емпатија во Амбасадата на Република Словачка во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk