ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска Стојчевска: Македонската култура успеа, Скопје заслужено ја доби престижната титула „Европска престолнина на културата за 2028 година“

September 20, 2023 16:47
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Скопје денеска беше прогласен за Европска престолнина на културата за 2028 година на церемонија во Домот на европската историја во Брисел.

На церемонијата, меѓу останатите, присуствуваа и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

„Европската комисија донесе одлука – Скопје е избран за „Европска престолнина на културата за 2028 година“. Македонската култура успеа, Скопје заслужено ја доби престижната титула „Европска престолнина на културата за 2028 година“ и денес сите заедно треба да сме горди на нашиот главен град“, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, во објава на Фејсбук..

Таа нагласи дека „одлуката ја соопшти Европската комисија денеска во Брисел, по вчерашната презентација на апликациите на двата града кои беа во потесен избор, меѓу кои и презентацијата на нашата македонска делегација“.

„Скопје ја доби довербата за организација на годината во која ќе се слават македонската и европската култура, во нашиот главен град и во земјава.

Како Влада и Министерство за култура, пред Европската Унија ги докажавме нашите иницијативи, како и целта кон која се стремевме уште од самите почетоци, за што и говорев при моето обраќање на презентацијата во Брисел.

Им честитам на нашите пријатели од Црна Гора, претставниците од прекрасната медитеранска Будва, градот кој беше во потесниот избор со нас.

Изборот на Скопје за престолнина на културата е голем успех за македонската култура. Честа е огромна, а ние сме подготвени да одговориме на предизвикот.

Во овој капитален проект за секој град и држава од Европа се вложува со години однапред и по завршувањето на годината на манифестација.

Препознавајќи ја суштината, вредноста, но и тежината на титулата „Европска престолнина на културата“, Владата, преку Министерството за култура, се обврза на безрезервна поддршка, и финансиска и кадровска и инфраструктурна. Сите национални установи и институции на културата ќе бидат во служба на „Скопје 2028“.

Скопје радост ти ќе бидеш!“, напиша министерката за култура.

Европска престолнина на културата е програма на Европската Комисија започната во 1985 година. Идејата за ЕПК се иницира и започнува во 1985 година по предлог на тогашната грчка министерка за култура Мелина Меркури (актерка). Европската престолнина на културата прерасна во еден од најамбициозните културни проекти во Европа и стана една од најпознатите и најценетите активности на ЕУ. Целта на ЕПК е да се промовира различноста на културите во Европа, да се истакнат заедничките карактеристики и да се поттикне придонесот на културата во долгорочниот развој на градовите.

 

Tags: Бисера Костадиновска СтојчевскаЕвропска престолнина на културата за 2028 годинаСкопје
Next Post

За прв пат од оваа година, авансна исплата во износ од 40% за младите кои ќе добијат грант за мерката „Млад земјоделец“

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk