ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

За прв пат од оваа година, авансна исплата во износ од 40% за младите кои ќе добијат грант за мерката „Млад земјоделец“

September 20, 2023 17:48
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во тек  е јавниот повик за Мерката 112 „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“ позната како мерка  „Млад земјоделец“ од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Мерката овозможува финансиска поддршка во форма на грант до 600.000,00 денари од прифатливите трошоци по поединечен корисник. Новина од оваа година, која ја воведуваме за прв пат е авансна исплата на средствата во вредност од 40 % веднаш по потпишување на договорот. Повикот е отворен сега, за до крајот на годината да се обработат сите апликации од страна на Платежната агенција, со цел сите млади земјоделци кои ќе ги исполнат условите, да добијат грант.

Поддршката за младите земјоделци во форма на грант подразбира исплата на неповратни средства во висина до 600.000 денари со ко-финансирање од 100% на вкупните одобрени трошоци.Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво во најмногу три рати.

Барателот треба да е носител на земјоделско стопанство на возраст од 18 до 40 години и барањето за поддршка да е поднесено не подоцна од 18 месеци од денот на запишување на промената на носителот на земјоделско стопанство, или воспоставување на новото земјоделско стопанство во Единствениот регистер на земјоделски стопанства (ЕРЗС) кој го води министерството. Повикот е наменет за набавка на опрема за производство и преработка на земјоделски производи. Трактор и приклучна механизација не се прифатлив трошок.

За потсетување, во Програма за рурален развој има две мерки таргетирани само за млади од 18 до 40 години: Мерка 112 „Помош на млади земјоделци за започување на земјоделска дејност“ со грант до 10.000 евра и Мерка 113 “Поддршка за поттикнување на земјоделското производство” со грант до 20.000 евра.

Од 2017 година до денес, финансиска поддршка од овие две мерки искористиле вкупно 838 млади земјоделци од кои 576 млади добиле грант до 10.000 евра а 262 млади земјоделци добиле грант до 20.000 евра.

Крајниот рок за доставување на барањата за повикот за мерка „Млад земјоделец“ истекува на 15.10.2023 година.

 

Повеќе информации на следниот линк: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Tags: „Млад земјоделец“авансна исплата
Next Post

Над 800 милиони евра поддршка од Светска банка, средба на Ковачевски со Бјерде во Њујорк

Shortcut

Најново

СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

August 19, 2026
Фото извор: UNHCR

ЦИВИЛ: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026

Кои се придобивките од работата од дома?

August 18, 2026

34 Години Армија на Република Северна Македонија: Традиција, чест и колективна безбедност

August 18, 2026
Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk