ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Битиќи од Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк: Нашите национални политики имаат 83 отсто усогласеност со Целите за одржлив развој, просек што е далеку над глобалниот просек

September 21, 2023 12:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„За да можеме да зборуваме за одржливост на економскиот развој, мораме да го хармонизираме со природата, да го остваруваме во мир и безбедност, но и да ги споделуваме неговите придобивки со сите, односно никого да не оставиме зад себе“, изјави заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, после вториот ден на неговото учеството на 78-то Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Во неговата изјава, вицепремиерот Битиќи посочи дека ова е една од суштинските пораки кои произлегуваат од Политичката декларација на Самитот за одржлив развој, а која беше усвоена од 193 земји-членки на Обединетите нации.

„Овие денови, овде во Њујорк ја афирмиравме посветеноста на нациите во светот на остварувањето на 17-те цели за одржлив развој, дефинирани во Агенда 2030.  Постигнатиот консензус ветува дека ќе се изгради меѓудржавна солидарност, ќе се врати оптимизмот и ентузијазмот за обезбедување на развој и подобар квалитет на живот за секого и насекаде, вклучително и во нашата земја. Владата на Република Северна Македонија веќе ја има изразено својата посветеност за реализација на Агенда 2030, а напредокот кој го имаме направено е регистриран и преку Интегрирана проценка, со која е утврдено дека нашите национални политики имаат 83 отсто усогласеност со Целите за одржлив развој, просек што е далеку над глобалниот просек“, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи се осврна и на Националната развојна стратегија, која ќе ја постави институционалната рамка за постигнување на општествен консензус во насока на создавање на политичка атмосфера и мобилизиравме позитивна политичка енергија за поставување на 20 годишни развојни приоритети, кои ќе претставуваат основата за локализирање и реализирање во уште повисок степен на Целите на одржлив развој.

„Како потврда на нашите институционални заложби за економска и социјална трансформација, пратена од засилена зелена транзиција, може да се препознае и потпишувањето на „Меморандумот за разбирање“ и „Договорот за привилегии и имунитети“ со Зелениот климатски фонд, со што Северна Македонија наредната година ќе биде домаќин на Регионалниот програмски дијалог за земјите од Источна Европа и Централна Азија“, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи рече дека Владата на Република Северна Македонија ги зацврстува институционалните капацитети за спротивставување на климатските промени, но и гради и спроведува политики кои ќе обезбедат социјално и еколошки балансиран економски развој, насочен кон благосостојбата на нашите сограѓани и нивниот просперитет.

Tags: БитиќиЊујоркОН
Next Post

Поевтинувањето на прехранбените производи се почитува во маркетите, од идната недела пониски цени и на пијалаците

EVN

НАЈНОВО

Филипче на панел на ПЕС: Прогресивните сили се последнатa линија на одбрана од авторитарните режими

April 17, 2026
Фото: Скриншот, видео X

Трамп потврди: Ормускиот Теснец е целосно отворен за пловидба

April 17, 2026
Фото: Скриншот, видео BBC

Вафик Сафа: Хезболах никогаш нема да се разоружа

April 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

    Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секнува унгарското масло за македонските пропагандисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Критичната атлантска струја е пред колапс: Научниците предупредуваат на катастрофални последици

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk