ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бешт: Приклучувањето кон ЕУ не зависи од блокадата на други држави членки на ЕУ, туку зависи од македонското Собрание

September 22, 2023 13:29
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ставот на Франција и на францускиот претседател Емануел Макрон е дека сакаме да го прошириме европското семејство и сакаме Северна Македонија да биде членка на ЕУ, вели вториот човек во француското Министерство за надворешни работи, Оливие Бешт, во интервју за „360 степени“.

Прашан за тоа каква е позицијата на Франција и на претседателот Макрон за проширувањето на ЕУ и за евентуален влез на Северна Македонија во Унијата, Блешт вели дека „вистинското прашање што денеска се поставува не е дали сакаме да се прошири, ниту кога, зашто прашањето е како да го постигнеме тоа“ и нагласува дека „Северна Македонија е добредојдена и тоа колку побрзо толку подобро“.

– Прво, да бидеме јасни – ставот на Франција и на францускиот претседател Емануел Макрон е дека сакаме да го прошириме европското семејство и сакаме Северна Македонија да биде членка на ЕУ. Вистинското прашање што денеска се поставува не е дали сакаме да се прошири ниту кога, зашто прашањето е како да го постигнеме тоа. Треба да се направат уште неколку напори, особено и другите држави членки, а ние како ЕУ денес ќе треба ја продолжиме нашата внатрешна реформа, а тоа значи продлабочување на заедницата за таа Унија да може да функционира не со 27, туку со 35 или повеќе земји, вели Бешт.

Во однос на идејата за Европа во повеќе брзини и дали тоа значи дека станува збор за членки на ЕУ од втор ред, Бешт, категорично вели „нема држави од прва, втора класа или трета класа, туку сите држави членки се на истиот воз“.

–  Воопшто не, зашто кога ѝ се приклучуваме на ЕУ ние сме полноправна членка. Значи, нема држави од прва, втора класа или трета класа, туку сите држави членки се на истиот воз. Но, сепак, во воз, понекогаш се потребни локомотиви – држави членки кои напредуваат и сакаат да напредуваат побрзо и се повеќе ставаат гориво во машината за таа да напредува побрзо во одредени соработки, изјави Бешт.

Во однос на уставните измени, Бешт изразува доверба дека „македонското Собрание ќе успее да ја надмине блокадата и повторно да се најде на интегративниот пат кој сакаме да се случи колку што е можно побрзо“.

-Францускиот предлог, кој ние го доставивме за време на француското претседателство со ЕУ во 2022 година, беше придружен со големи предности и заслуги. Прво, деблокирање на состојбата закочена поради фактот што други држави членки на ЕУ ја блокираа и да му се овозможи на македонскиот народ повторно да се најде на интегративниот пат. Второ, навистина беше овозможено признавање на македонскиот јазик. Денес ова решение овозможува повторно обновување на интегративниот процес – знам дека состојбата е тешка дури и во македонското Собрание, но она што треба да го разбереме е дека денес овој процес на приклучување кон ЕУ не зависи од блокадата на други држави членки на ЕУ, туку зависи од македонското Собрание, изјави Бешт.

Tags: Емануел МакронЕУОливие Бешт
Next Post

На гостиварката која го оставила бебето ќе и биде одземено родителското право

Shortcut

Најново

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk