ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

ЕК донесе одлуки за доделување помош за Украина, Тунис и луѓето во Нагорно-Карабах

September 22, 2023 15:29
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија денеска соопшти дека донела одлуки за исплата на 1,5 милијарди евра за Украина во рамките на пакетот за макрофинансиска помош, речиси 127 милиони евра за Тунис за поддршка во спроведувањето на билатерланиот Меморандум за разбирање и за справување со илегалната миграција, како и 500.000 евра дополнителна хуманитарна помош за поддршка на луѓето погодени од ескалацијата на непријателствата во Нагорно-Карабах.

Како што информира ЕК, траншата од 1,5 милијарди евра за Украина е дел од пакетот за макрофинансиска помош во вкупна вредност од 18 милијарди евра, со кој ЕУ му помага на Кијив да ги покрие своите непосредни потреби за финансирање во 2023 година.

– Оваа поддршка ќе и помогне на Украина да продолжи да исплаќа плати и пензии и да ги одржува основните јавни услуги, како што се болниците, училиштата и сместувањето на раселените луѓе. Таа, исто така, ќе и овозможи на Украина да обезбеди макроекономска стабилност и да ја обнови критичната инфраструктура уништена при руската агресија, како што се енергетските посторјки, водоводните системи, транспортните мрежи, патиштата и мостовите, се наведува во соопштението.

Денешната одлука следи откако Еврокомисијата на 25 јули утврди дека Украина продолжува да постигнува „задоволителен напредок“ во имплементацијата на договорените услови и ги исполни барањата за доставување информации за транспарентно и ефикасно користење на средствата.

– Украина особено постигна важен напредок за подобрување на финансиската стабилност, зајакнување на владеењето на правото, подобрување на својот гасен систем, поттикнување на енергетската ефикасност и промовирање подобра деловна клима, се додава во соопштението.

Од почетокот на војната, вкупната поддршка од ЕУ за Украина достигна околу 81 милијарда евра, кои опфаќаат финансиска, хуманитарна, итна буџетска и воена помош за земјата, како и средства ставени на располагање членките на Унијата за задоволување на потребите на украинските бегалци. Дополнително, на 20 јуни, Комисијата предложи да се формира наменски инструмент кој ќе обезбедува кохерентна, предвидлива и флексибилна поддршка на Украина за периодот 2024-2027 година, за вкупен износ до 50 милијарди евра.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, Еврокомисијата реши и да му додели речиси 127 милиони евра на Тунис за поддршка на спроведувањето на Меморандумот за разбирање со ЕУ и на дел од одредбите од Планот за справување со проблемот со мигрантите на италијанскиот остров Лампедуза.

Од вкупната сума, 60 милиони евра се наменети за буџетска поддршка за Тунис, а околу 67 милиони евра се оперативна помош за справување со илегалната миграција.

Ваквата одлука следи по вчерашниот телефонски разговор меѓу еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји и тунискиот министер за надворешни работи Набил Амар, при што е договорено делегација на ЕК следната недела да го посети Тунис за да се разговара за спроведувањето на приоритетните активности од Меморандумот за разбирање.

– ЕУ и Тунис се посветени брзо да напредуваат во спроведувањето на Меморандумот за разбирање, давајќи им приоритет на активностите во областа на миграцијата, соработката за сузбивање на шверцерските мрежи и со засилена помош од ЕУ за градење капацитети на туниските власти за спроведување на законот, како и за поддршка за доброволно враќање и реинтеграција на мигрантите во нивните земји на потекло, со целосно почитување на меѓународното право, се додава во соопштението.

Дел од средствата се од новиот пакет за поддршка од 105 милиони евра за справување со вонредната ситуација на Лампедуза, од кои треба да се обезбедат бродови за пребарување и спасување, возила и друга опрема за туниската крајбрежна стража и морнарица, заштита на мигрантите во Тунис во соработка со Советот на ОН за човекови права (УНХРЦ) и нивно враќање и реинтеграција во земјите на потекло, во соработка со Меѓународната организација за миграции (ИОМ).

Комисијата одвои и 500.000 евра дополнителна хуманитарна поддршка за илјадниците луѓе кои се раселени бегајќи од насилството и ескалацијата на непријателствата во Нагорно-Карабах и на кои им е потребна итна помош.

– Хуманитарната помош на ЕУ ќе им помогне на овие луѓе да ги задоволат своите основни потреби, истовремено обезбедувајќи им засолниште и психосоцијална поддршка. Ова итно финансирање доаѓа како дополнување на 1,17-те милиони евра хуманитарна помош од ЕУ доделена за Нагорно Карабах претходно оваа година.

Еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич изјави дека ваквата одлука за поддршка на раселените лица доаѓа по ескалацијата на конфликтот во Нагорно-Карабах, што предизвика сериозни последици врз цивилите.

– Внимателно ја следиме ситуацијата на теренот и сме подготвени да понудиме поголема помош. Додека ЕУ го поздравува прекинот на огнот, јас силно ги повикувам сите страни во конфликтот да обезбедат непречен и непосреден пристап на хуманитарните организации. Мораме да се погрижиме хуманитарните работници да можат да обезбедат итна помош за луѓето на кои им е потребна, додаде Ленарчич.

Од ЕК посочуваат дека ЕУ е во постојан контакт со своите хуманитарни партнери на терен и е подготвена да одговори на растечките хуманитарни потреби во случај на понатамошна ескалација на состојбата.

Од ескалацијата на конфликтот околу Нагорно-Карабах во 2020 година, па досега ЕУ обезбеди над 21 милион евра за поддршка на хуманитарните операции во Ерменија и Азербејџан.

Tags: Европска комисија
Next Post

(ВИДЕО) Николај Крстев за Евроњуз-Бугарија: Руската црква ги спроведува српските интереси во Северна Македонија

EVN

НАЈНОВО

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

April 17, 2026
онкологија

Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

April 16, 2026

(ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп објави слика со Исус додека конфликтот со папата Лео продолжува да ескалира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анис – 15 април

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ги демантира вестите за барање за прекин на огнот со Иран: Пакистан останува единствен медијатор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новото лого на Мадона покажува дека кралицата на попот сè уште може да предизвика контроверзии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk