ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: САД дава силна поддршка, од нашата волја и одговорност зависи извесноста на европската перспектива

September 22, 2023 17:59
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во својата изјавата од Њујорк, после официјалните средби со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак и со американскиот специјален претставник за Западен Балкан и заменик-помошник на државниот секретар за Европа и Евроазија, Габриел Ескобар, држави рече дека нашите стратешки партнери дејствуваат за напредок на Северна Македонија кон ЕУ и дека очекуваат да ја исполниме европската агенда, за задржување на динамиката и активноста на пристапните преговори со ЕУ.

-Пораките беа јасни и недвосмислени, сите заедно треба да покажеме дека сакаме и имаме капацитет да ја исполниме нашата стратешка цел, а Соединетите Амерински Држави ќе бидат гласен поддржувач на нашата ЕУ интеграција, рече Маричиќ додавајќи дека за уставните измени и целиот процес на преговори клучен останува политичкиот дијалог, волјата и одговорноста на сите од кои зависи извесноста на нашата европската перспектива.

Маричиќ изјави дека забрзано се работи на конкретните чекори за доближување на регионот до реално членство во ЕУ и дека во следните недели го очекуваат новиот план за раст за Западен Балкан, кој како што вели тој преку забрзување на фундаменталните реформи не само што ќе го забрза процесот на пристапување, туку и ќе го поттикне економскиот раст, за поголема економска интеграција со единствениот пазар на Европската Унија.

– ЕУ има план со кој ги отвора вратите за забрзано членство, од нас партнерите очекуваат да го искористиме шансата и да не останеме пред вратата туку да сме идна држава членка на ЕУ, порача Маричиќ.

Во продолжение интегрален текст од изјавата на вицепремиерот Маричиќ:
,,Почитувани граѓани,
Нашите стратешки партнери дејствуваат за наш напредок кон ЕУ и очекуваат дека ќе ја исполниме европската агенда за задржување на динамиката и активноста на пристапните преговори со ЕУ. Во рамки на посетата, тука во Њујорк заедно со премиерот Ковачевски имавме интензивни и продуктивни средби со докажани пријатели на нашата држава и народ, кои ги препознаваат напорите и политичката волја да успееме во реформите и предизвиците кон полноправното членство во Европската Унија. Во пријателска атмосфера разговаравме со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак и со американскиот специјален претставник за Западен Балкан и заменик-помошник на државниот секретар за Европа и Евроазија, Габриел Ескобар. Пораките беа јасни и недвосмислени, сите заедно треба да покажеме дека сакаме и имаме капацитет да ја исполниме нашата стратешка цел, а Соединетите Амерински Држави ќе бидат гласен поддржувач на нашата ЕУ интеграција. Беше посочено дека за уставните измени и целиот процес на преговори клучен останува политичкиот дијалог, волјата и одговорноста на сите од кои зависи извесноста на нашата европската перспектива. Забрзано се работи на конкретните чекори за доближување на регионот до реално членство во ЕУ и во следните недели го очекууваме нивиот план за раст за Западен Балкан, кој преку забрзување на фундаменталните реформи не само што ќе го забрза процесот на пристапување, туку и ќе го поттикне економскиот раст, за поголема економска интеграција со единствениот пазар на Европската Унија. ЕУ има план со кој ги отвора вратите за забрзано членство, од нас партнерите очекуваат да го искористиме шансата и да не останеме пред вратата туку да сме идна држава членка на ЕУ.”

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: европска перспективаМаричиќподдршкаСАД
Next Post
Фото: Министерство за здравство

Вакцинацијата против сезонскиот грип почнува од средината на октомври, годинава набавена за 50 проценти поголема количина

НАЈНОВО

ДИК поништи потврдена листа за членови на Совет на Град Скопје поради кандидирано починато лице

October 18, 2025

„Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

October 18, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Верстапен пред спринтот во САД: „Ќе биде тесно, но тоа е убавината на трките“

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 18 и 19 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk