ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Николовски: Го придвижуваме руралниот развој во шумарството, согласно европските насоки и позитивни искуства

September 22, 2023 15:25
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска во Берово ја отвори манифестацијата Форест Фест, традиционален настан кој и годинава е поддржан од Министерството   за   земјоделство,  шумарство   и водостопанство како една од 67-те локални манифестации финансирани од Програмата за рурален развој.

Фокус на овогодинешниот Форест Фест, како што рече Николовски, се програмите за поддршка на руралниот развој, каде планот е и сопствениците на приватни   шуми   да   бидат вклучени  како   целна   група,   за   помош   и поддршка преку соодветни субвенции.

-За таа цел, добро би ни дошле сите доктринарни искуства и добри практики од земјите од регионот, како што се Словенија, Хрватска, Бугарија и други, кои би биле применливи во моментот и кај нас. И овој пат Националното Здружение на   сопственици на приватни шуми, се покажа како многу важен фактор во креирање на шумарските политики во Македонија и ова е само мал придонес како да го придвижиме руралниот развој во шумарството, во правец на европските насоки и позитивни искуства, кои се пак многу важен дел за нашите темелни заложби за придружување кон  Европското семејство, посочи министерот Николовски.

Подобрувањето на состојбите во шумарството, додаде, е една од стратешките цели на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Владата на Република Северна Македонија за остварување на европската заедничка зелена агенда за климатски неутрална Европа.

-Во моментов во фаза на подготовка е новиот закон за шумите, во кој ќе бидат вградени токму овие цели, за помош и поддршка на руралниот развој во шумарството, кои би биле исполнување на уште еден предуслов со цел да го намалиме  трендот  на иселување на младите од руралните средини и да им овозможиме на сите државни и приватни сопственици на шуми полесно да ги управуваат шумите, по примерот на земјите членки на Европската Унија, додаде министерот.

Во рамки на настанот, се одржаа и повеќе едукативни работилници кои беа презентирани од врвни експерти од областа на шумарството во Словенија, Хрватска и Бугарија, како и експерт од Европската комисија.

Темите на работилниците беа во насока на хармонизација на новиот закон за шуми кој се креира по европски терк, и искористувањето на европските фондови и националните програми за поддршка на шумарството, приватните сопственици на шуми и националните паркови.

– Јас пред присутните во излагањето ќе се обидам да објаснам дека шумарство денес не е само нето шумарство, туку дека тоа е енергија, замена за фосилни видови и поширока економија. Не може само да гледаме на дрвото како нето на хартија, туку пошироко како нешто што е за развој на земјоделството и затоа е важно да се развиваат реусрси. Сега сме овде на подрачје со шума и на такви подрачја треба да се поттикне шумарството и да се направи некој развој, истакна претставникот од Словенија, Михаил Копривникар.

Хрватска, како што додаде Миљенко Зупаниќ, има доста добри искуства за поттикнување во шумарството, напоменувајки ја поддршката која на сопствениците на шуми било да е државна или приватна ја добиваат од државата.

– Една од мерките за поддршка е од пред влегување во ЕУ, кога направивме еден вид плаќање за услугата на еко системот, односно плаќање за еден вид општо корисна шума, каде државата уплаќаше во фонд за развој на шумарството. Тоа уште постои, а сега со влегувањето во ЕУ се достапни други извори како европски земјоделски фонд и планот кој сега е актуелен за унапредување на состојбата во приватните шуми, преку разни интервенции. Може да кажеме дека преку програмата за рурален развој искористивме околу 70 милиони евра, а сега со новата програма колу 85 милиони евра за нови мерки, рече Зупаниќ.

За сериозната поддршка за приватните сопственици на шуми зборуваше и Николај Василев, началник на одделот Стратегија и планирање за европско стопанство во Бугарија.

– Една од основните дејности со која јас раководам е да се помагаат сопствениците на шумски територии при усвојувањето на европски средства од различни фондови. Тука треба да се потцрта сериозната поддршка што ја имаме од програмата за развивање на селските реони. Сега во овој програмски период имавме 130 милиони евра за државни шуми, што како оперативен план е сериозен финансиски реусрс. За наредниот период предвидуваме 225 милиони евра, за кои сопствениците на шуми можат да аплицираат и да ги искористат, рече Василев.

Претседателот на Националното здружение на сопственици на приватни шуми на Македонија, Војо Соколов додаде дека идејата на Форест Фест, кој започна да се организира од 2013 година, е сопствениците на приватни шуми да бидат вклучени во поддршката преку фондовите и програмите за поддршка во земјоделството и руралниот развој.

– Ние како здружение активно учествуавме во доснесувањето на тој закон, така да денешниот настан би било условно речено последен момент да интервенираме, со тоа што сопствениците на приватни шуми ќе можат да дадат свој придонес како да го збогатиме тој закон да биде што повеќе во функција на сопствениците на приватни шуми, додаде Соколов.

На настанот присуствуваа и градоначалниците на Берово и Пехчево, Ѕвонко Пекевски и Алексанадар Китански, директорот на ЈУ Национален парк Маврово, Самир Ајдини, како и претставници од секторот шумарство и национални паркови. Форест Фест продолжува и утре со планинарски марш, посета на локална пилана и туристички локалитети во Берово.

Tags: Љупчо Николовскирурален развој
Next Post

ЕК донесе одлуки за доделување помош за Украина, Тунис и луѓето во Нагорно-Карабах

Shortcut

Најново

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

August 21, 2026

Хуманитарен концерт во Велес „Заедно за подобро утре“

August 21, 2026

ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

August 21, 2026
Министерот за здравство, Сашо Клековски, прес, 21 август 2026 (скриншот од видео на министерството за здравство)

Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk