Одделот за стратешки комуникации на Канцеларијата на врховниот командант на вооружените сили на Украина потврди дека одбранбените сили успешно извршиле напад врз седиштето на Црноморската флота на Руската Федерација во привремено окупираниот Севастопол околу 12 часот, јавува Укринформ.
„Околу 12 часот на 22 септември, одбранбените сили на Украина извршија успешен напад врз седиштето на руската Црноморска флота во привремено окупираниот Севастопол“, објави Одделот за стратешки комуникации на Телеграм.
Претходно, командантот на вооружените сили на Украина, генерал-полковник Микола Олешчук им се заблагодари на украинските пилоти, коментирајќи ги експлозиите во привремено окупираниот Крим.
Подготви: Б.Т / Цивил Медиа