ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Амбасадата на САД во Приштина најостро го осуди нападот врз косовската полиција

September 24, 2023 13:22
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадата на САД во Приштина најостро го осуди нападот врз косовската полиција во северно Косово, наведувајќи дека сторителите мора да одговараат.

Во соопштението на амбасадата се цитираат зборовите на амбасадорот Џеф Ховениер, објавени на платформата Х, дека косовската полиција има целосна одговорност и е легитимна за спроведување на владеењето на правото според Уставот и законите на Косово.

„Ја препознаваме и ја почитуваме неговата улога како прв реагирач во итни и кризни ситуации. Ја цениме постојаната координација меѓу косовската полиција, Мисијата на ЕУ за владеење на правото на Косово и силите на НАТО на Косово (КФОР), во зависност од случај“, се вели во соопштението на амбасадата.

Се додава дека ситуацијата внимателно се следи и дека „насилните акти против легитимните власти на Република Косово мора да бидат казнети“.

„Сторителите мора и ќе одговараат и ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Тие мора веднаш да ги прекинат своите напади. Во име на Соединетите држави, изразувам најдлабоко сочувство за смртта на наредникот на косовската полиција, кој беше убиен на должност. На „двајцата повредени полицајци“ им ги пренесувам најдобрите желби за брзо закрепнување“, се наведува во соопштението.

Истовремено, германскиот амбасадор во Косово, Јорн Роде (Роде) оцени дека сторителите на убиството на полицискиот наредник Африм Буњаку во Бањска на северот мора да бидат изведени пред лицето на правдата.

„Целосно се согласувам со изјавата на мојот американски колега. Извршителите на овој убиствен напад врз косовските службеници за спроведување на законот мора да бидат изведени пред лицето на правдата. Во Косово мора да се применува владеењето на правото. Моето искрено сочувство до семејството на загинатиот полицаец и повредените полицајци на КП“, напиша Роде на платформата Х.

Косовската полиција рано изутрината беше нападната во селото Бањска кај Северна Митровица, еден полицаец е убиен, друг е ранет, а на терен излегле припадници на американскиот КФОР и ЕУЛЕКС.

Извор: МИА

Tags: амбасада на САДКосовокосовска полицијаПриштина
Next Post
СДСМ

СДСМ го штити стандардот на граѓаните, намалени цените во маркетите велат од владејачката партија

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk