ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Рецензија-филм, „Домаќинство за почетници“, режија Горан Столевски: Моќен визуелен прирачник за автентичната и инстиктивна човечност

September 25, 2023 15:28
in PMD, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Од премиерата на „Домаќинство за почетници“ на ИФФК „Браќа Манаки“

Од премиерата на „Домаќинство за почетници“ на ИФФК „Браќа Манаки“

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: АНА ВАСИЛЕВСКА 

Премиерата беше проследена со громоглесен аплауз а впечатоците одзвонуваа во публиката предизвикувајќи осцилиација на коментари за успешно филмско дело,  но и оние од „шокирани“ и подготвени за „морализирање“ на темата во која задира Столевски.

Сите овие „бетонирани“ општествени нормативи, во текот на филмот доаѓаат до точка на кршење од која испливува најважната и суштествена смисла на човечкиот род-автентичната љубов и поддршката од семејството, кое може да се стекне и по пат на инстиктивно препознавање а не задолжително по биолошки пат.

И како по некоја синхронизирана игра на случајноста, овој филм кој ја оправдува сентенцата дека седмата уметност е најсилниот културолошки медиум кој има моќ да ги менува нештата и да го хуманизира светот, имаше македонска премиера на истата сцена каде што на фестивалското отворање на ИФФК „Браќа Манаки“  одекна повикот  за праведен третман на филмаџиите од страна на државата.

Кога камерата успева сугестивно да ве вовлече како емоционална центрифуга и до ве врти до самиот крај низ сите гранични свесни и потсвесни импулси а истовремено да ве плени од нагласеното естетско и драматуршко авторство што извира од секоја сцена, може да се каже дека сте гледале чудесен филм.

Ова е накусо дефиницијата што се кристализира по изгледувањето на третиот долгометражен игран филм на режисерот Горан Столевски, „Домаќинство за почетници“ кој по освојувањето на „  Квир лав (Queer Lion) во Венеција ја, имаше македонска премиера на отворањето на 44. Издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.

Премиерата беше проследена со громоглесен аплауз а впечатоците одзвонуваа во публиката предизвикувајќи осцилиација на коментари за успешно филмско дело,  но и оние „шокирани“ и подготвени за „морализирање“ на темата во која задира Столевски. Овие коментари уште повеќе одат во прилог на ова остварување кое бескомпромисно и соголено изложува приказна за „маргиналците“, ЛГБТ и ромската заедница, но и остра критика кон социјалниот миг и општествените паравани за семејниот морал.

Сите овие „бетонирани“ општествени нормативи, во текот на филмот доаѓаат до точка на кршење од која испливува најважната и суштествена смисла на човечкиот род-автентичната љубов и поддршката од семејството, кое може да се стекне и по пат на инстиктивно препознавање а не задолжително по биолоши пат.

Фантастичното, речиси ликовно портретирање на карактерите со камерата на Наум Доксески  и актерскиот перформанс диригиран од Столевски со неверојатна леснотија, дури и документаристички го обземаат гледачот. Играта на контрасна светлина и ловење на најсуптилната емоција на актерите, со интелигентни режисерски решенија се чини е главната состојка на формулата од која толку живо се распостила овој филм. Ако се разложи фрагментарно, „Домаќинство за почетници“ е издржан и функционален и во основата на филмските слоеви  и во естетското ниво кое го достигнува: сценарио, режија, камера, кастинг, монтажа, музика, продукциски дизајн сите подеднакво успешни.

Речиси и да не може со сигурност да се тврди од каде е кинематографската референтност на која се потпира авторот, но се насетува и приод налик на оној на Романецот Кристи Пуи во „Сиераневада“, на иранската филмска школа, на европската модерна филмска неодогма, а сепак толку автентично избрусен со силен авторски печат.

Сцена од „Домаќинство за почетници“
Сцена од „Домаќинство за почетници“

Столевски не поштедил никого. Ниту килавиот општествен систем кога станува збор за лавиринтите на здравството (Онкологија), ниту бирократијата и корупцијата но евидентно најважно од се, во сета оваа кородирана и искривена реалност, без никаква потреба да се наметне, ни ги објаснува проблемите со кои се соочуваат истополовите заедници како и етничките Роми. Наместа духовито (за да ја избегне болката), и доволно дозирано да не ја премине гранцита на т.н вулгарност, експресивно ја пренесува  природната љубов.

Сите овие аргументи „Домаќинство за почетници“ го поместуваат во исклучително важен филм за домашната кинематографија но и воопшто за светската. Кога режисерот Анг Ли во 2005 година можеби за прв пат на нов начин ја детабуизираше истополовата љубов во филмот „Планината Броукбек“ за што таа година го понесе и Оскарот за најдобар филм, на нашиот кандидат за конкуренција во трката за престижната статуетка на Американска академија, му се насмевнува истата судбина.

И како по некоја синхронизирана игра на случајноста, овој филм кој ја оправдува сентенцата дека седмата уметност е најсилниот културолошки медиум кој има моќ да ги менува нештата и да го хуманизира светот, имаше македонска премиера на истата сцена каде што на фестивалското отворање одекна желбата за праведен третман на филмаџиите од страна на државата.

Од премиерата на „Домаќинство за почетници“ на ИФФК „Браќа Манаки“
Од премиерата на „Домаќинство за почетници“ на ИФФК „Браќа Манаки“

Да, како што во своето емотивно излагање кажа добитничката наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, Лабина Митевска: Филмот, културата веќе не се привилeгија, тие се потреба, би додала Венеција, Кан, Лос Анџелес или која било друга точка на планетата земја полесно ќе ја освои еден филм отколку десетици дипломатски државнички посети а револуционерното менување на свесноста и хуманизација на планетата е примарна и природна мисија на уметноста наспроти празните и често деструктивни флоскули во политиката.

 

„Домаќинство за почетници“е реализиран во продукција на „Лист филм“ од македонска страна во копродукција со Полска, Шведска, Хрватска, Србија, Косово, и американско и австралиска учество. 

Сценарио и режија: Горан Столевски

Кинематографер: Наум Доксевски

Кастингот: Милка Анчевска

Главни улоги: Анамариа Маринца и Алина Сербан од Романија, Самсон Селим, неговата ќерка малата Џада, Миа Мустафа, Владимир Тинтор од Хрватска.

Споредните улоги: Ајше Усеини, Сара Климоска, Ирена Ристиќ, Филип Трајковиќ, Розафа Челај од Косово

Сценографијата на Ана Жежничек, костимите на Роза Трајческа Ристовска, маската на Горан Игњатовски и Леонора Мехмети Хоџа.

Авторска музика на Ален и Ненад Синкауз

Извор: Нова ТВ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Браќа Манаки“Агенција за филм на РСМГоран СтолевскиИФФКмакеоднски филм

НАЈНОВО

Промоција на сликовницата „ДРУГАРКА, ДРУГАРКО И ДВЕ МАЧЕНЦА“

May 27, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Обвинителен акт против организирана криминална група за тешки кривични дела, вклучувајќи убиства, изнуда и тешки дела против општата сигурност

May 27, 2025

Пуштена и последната пациентка од болницата во Солун, на лекување во Грција остануваат уште двајца повредени од трагедијата во Кочани

May 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Рената Дескоска примена во Европската академија на науките и уметностите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Советникот на корумпираниот бегалец Груевски на чело на македонското здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешниот советник на Груевски и „другар“ на Али Ахмети се очекува да биде министер на Мицкоски за здравство!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Скопје без струја и вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk