ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Алиби нација

September 26, 2023 11:02
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ГОРАН ВОЛКАНОСКИ

Нашава нација има алиби за сè! А најмногу за сопствената неодговорност!

Изминативе триесеттина години, со својот однос кон општествените процеси, покажуваме огромно ниво на неодговорност.

Точно е, дека ниското ниво на вреднување на значењето на процесите на нашето демократизирање, заедно со Балканскиот менталитет и вкоренетите илузии за лажни величини, проткаени со национализам, биле и сè уште прават погодно тло од Македонија, за произведување на конфликтни состојби.

Стекнувањето на независност и државност не го разбравме како бенефит  кој треба да се оправда со одговорен однос на секој поединец кон процесите кои од ова кревко парче земја треба да создадат прогресивна и безбедна земја без конфликти! Без ефективна завршница на овие процеси остануваме во зоната на ризици. Иако сме членки на НАТО! За можноста за подигнување на стандардите на нашето живеење, и да не зборуваме!

И, постојано имаме АЛИБИ за својата инертност и пасивност!

Недоверба во власта, недоверба во политичарите, недоверба во западните безбедносни и економски сојузи! Па и недоверба во самите себе! При тоа никако да расчистиме со своите приоритети! Поточно, да расчистиме со илузиите кои минативе триесеттина години, па и сега, ни ги поттурнуваат постојано, под нос истите оние политички фактори кои опстојуваа и опстојуваат создавајќи илузии кај граѓаните на нашата држава. А, создаваат илузии затоа што тоа е најлесниот пат за доаѓање и опстојување на власт! Затоа што само со граѓани кои живеат во илузии, а не во реалниот свет, можноста за манипулација е многу поголема!

ЗА жал, дел од нашите граѓани, потпаѓаа и потпаѓаат под влијание на илузионистите!

А еден голем дел, алиби за својот пасивен и неодговорен однос, кон општествените процеси, го наоѓа баш во системските слабости, чие што решавање може да се очекува само преку наше дефинитивно зачекорување во евроинтеграциските процеси! Што е парадокс, само по себе! Од една страна, бараме и се стремиме кон ефикасни и професионални државни институции кои ќе работаат во интерес на граѓаните, а од друга страна, со својот однос кон процесите кои одат во насока на градење на посакуваните општествени состојби одработуваме во прилог на ретроградните сили кои работаат овие процеси да не успеат!

Ако во периодов што следи, мнозинството не разбере дека АЛИБИ-ставот е став против самиот себе! Против сè она кон што реално тежнееме и се стремиме тогаш спремете се за тешки времиња!

АЛИБИ ставот, „Крива е власта. Крива е меѓународната, крив ни е некој трет… НЕМА да е покритие за личната неодговорност во однос на пасивниот однос кон суштинските процеси пред кој сме исправени! АЛИБИ, нема да имаме!


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: алибиГОРАН ВОЛКАНОСКИнација
Next Post

Сé што треба да знаете за да аплицирате на Еразмус плус повикот

EVN

НАЈНОВО

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026
Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk