ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски од Љубљана: Досега издадени 31.187 патни исправи на нашите граѓани во странство, само во Љубљана 2.052

September 26, 2023 09:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото:МВР

Фото:МВР

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за време на работниот престој во Љубљана, Република Словенија, ја посети Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана, каде оствари посета на конзуларното одделение во амбасадата, со цел увид на процесот на сликање и издавање на патните исправи, како и делење на пасоши на сонародниците – иселеници.

Во оваа прилика, соопштија денеска од МВР, Спасовски информирал за процесот на издавање на патните исправи во Љубљана, а во врска со проектот за базни станици со поднесување барања за издавање на патни исправи преку дипломатско-конзуларните преставништва, кој започна кон крајот на 2021 година, во соработка со Министерството за надворешни работи.

– Од 2023 година од јануари до септември заклучно со 15.09.2023 година издадени се вкупно 11.415 патни исправи. За овој период само во Љубљана издадени се 870 патни исправи, информирал министерот Спасовски.

Тој нагласил дека од самото започнување на проектот со издавање на патните исправи согласно новото упатство издадени се вкупно 31.187 патни исправи.

Од октомври 2021 година до 31.12.2022 година издадени се вкупно 19.772 патни исправи, а само во Љубљана издадени се 1182, информирал министерот Спасовски, изразувајќи задоволството што целокупниот процес од поднесување на барање до изготвување на патните исправи трае од 15 до 30 дена.

– Нашата цел беше создавање на вистински сервис за граѓаните, ефикасен и економичен одговор на нивните потреби, а на мое големо задоволство, успеавме да ја оствариме, со сериозно кратење на времетраењето на процедурите, кои досега траеја од четири до пет месеци, и тоа со големи трошоци. Сега веќе овозможуваме прием на барањата за патни исправи во дипломатско-конзуларните претставништва и нивно процесирање на дневна основа, со проверка на податоците во реално време, истакнал министерот Спасовски.

Tags: Љубљанапатни исправиСпасовски
Next Post

Постигнат договор за таксите на Европската агенција за лекови

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk