ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

МОН: Годинава се обезбедени и дистрибуирани 1,4 милиони учебници

September 27, 2023 14:02
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Обезбедувањето на учебници за учениците од основните и средните училишта како
процес под надлежност на повеќе институции и тела, под координација на
Министерството за образование и наука, годинава е значително унапреден. Тоа го
потврдува фактот што преку откуп на учебници за кои министерството не ги поседува
авторските права и преку печатење на оние кои се во сопственост на МОН, досега во
2023 година обезбеден е тираж од 1.374.324 учебници. Над 98% од нив, се веќе
дистрибуирани.

За споредба пред 5 години, односно во 2018 година беа набавени 823.604 учебници. Во
2019 се набави тираж од 655.934 учебници, во 2020 вкупно 732.634 учебници. Во
учебната 2021/2022 година се набавија вкупно 748.421 учебници. Податоците
покажуваат дека учебникот како едно од основните полагала за совладување на
наставната материја по сите предмети е значително подостапен, за разлика од минатите
години.

Информираме дека учебниците од прво до петто одделение, за кои МОН ги поседува
авторските права годинава се целосно набавени и испорачани до училиштата, исто
како и учебниците од седмо до деветто одделение, кои пак, се во сопственост на
издавачки куќи. За шесто одделение, одобрени се учебниците по природни науки,
македонски и албански јазик, чија дистрибуција ќе заврши во текот на следната недела.
Одобрен е и учебникот по математика и по завршување сите постапки, ќе може да се
печати и испорача.

Важно е да се истакне дека по 15тина години, за прв пат се обезбедени нови учебници
по 150 предмети во средното стручно образование, но и во гимназиското. И тие исто
така, етапно се печатат и испорачуваат до училиштата, согласно искажаните потреби
преку електронска апликација на министерството, пред почетокот на учебната година.

Учебникот е едно од наставните средства што се користи за постигнување на целите на
воспитно-образовниот процес и треба да овозможи постигнување на националните
стандарди на знаење, учење со разбирање и подигнување на креативноста,
иновативноста и критичкото размислување кај учениците. Изработката на квалитетен
учебник е комплексен процес што зависи од повеќе фактори, независни од системско
влијание. Но, МОН ќе продолжи и во иднина навремено да ги спроведува своите
надлежности, согласно правната регулатива и да се заложува за обезбедување на
квалитетни учебници за сите ученици.

Tags: книгиМОН
Next Post
INGRAM

Вмрежување на Инграм и Вендорите #2: Обединување на над 100 ИТ-експерти за оформување на иднината на компјутерските системи

EVN

НАЈНОВО

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk