ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Аналитичари: Средбата Ковачевски – Заев, може да има само бенефит за СДСМ

September 29, 2023 14:26
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Очигледно дека во тек е агрегација на прогресивниот фронт. Зоран Зев е еден од ретикте политичари кои се одликуваат со храброст и решителност, тој уште може да придонесе во политиката. Од последната средба на Бихаќка помеѓу Димитар Ковачевски, Зоран Заев и Оливер Спасовски – СДСМ може да има само бенефит“, велат политички аналитичари во изјави за „Фронтлајн“ – коментирајќи ја вчерашната средба на врвот на социјалдемократите во Скопје.

Фото: Б. Јордановска / ЦивилМедиа

– Појавувањето на Заев во Бихачка можеби е обид да се превенират шпекулаците кој се појавија во медиумите за нкакво разединување во СДСМ, и имајќи ја во предвид острата кавга помеѓу Мицкоски и Груевски, мислам дека ова е обид на СДСМ да покаже единство – наспроти конфликтната ситуација во опозицијата, изјави за „Фронтлајн“ – Петар Арсовски, политички аналитичар и публицист.

Во секој случај, додава тој, невозможно е СДСМ да излезе по слаб од таквата комбинација, напротив.

– Од таквиот потег може само да има бенефит во јавната сфера, односно во својот имџ, и тоа е главната причина за одржување на таквиот останок, нагласи Арсовски.

Ана Чупеска
Ана Чупеска

Универзитетската професорка и колумнистка, Ана Чупеска смета дека не само Заев, туку сè што е прогресива мора во најбрз можен рок да биде обединето во тој одамна најавуван Европски Фронт.

– Очигледно дека во тек е агрегација на прогресивниот фронт, со цел да се реализира конечното решение за земјава во смисла на евроинтеграциите. Лично, сметам дека не само Заев, туку сè што е прогресива мора во најбрз можен рок да биде обединето во тој одaмна најавуван Европски Фронт. Прогресивните сили мора да се здружат заради највисоката државна причина/цел – членство во ЕУ. Така што, за поздравување е овој гест, смета Чупеска.

Дритон Зенку
Дритон Зенку

Новинарот и познавач на политичките оклности во државата Дритон Зенку истакнува дека Зоран Заев е важна фигура на политичката сцена на Северна Македонија, па и пошироко. Според него, тој е еден од ретките политичари кои се одликуваат со храброст и решителност.

– Имаше сензационална политичка кариера и секоја функција ја добиваше директно од народот преку глас. Речиси две децении е функционер избран од гласачкото тело. Тој беше без конкуренција градоначалник во општина Струмица и таму победи во три изборни циклуси. Пред 2005 година, кога беше избран за градоначалник, две години беше пратеник. Беше избран и на парламентарните избори во 2016 година, но сега како лидер на СДСМ. За трите години колку што ја водеше СДСМ во опозиција, тој успеа да ја врати партијата на власт пред една арогантна и речиси диктаторска власт на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Се соочи со затвор како градоначалник и насилство во Собранието од власта на Груевски. Го постигна договорот со Грција и компромисот со Бугарија. Овие моменти го прикажуваат Заев како храбар политичар, вели Зенку за „Фронтлајн“.

Кога зборуваме за можното враќање во политиката, додава тој, знаејќи го неговиот пристап кон политиката, тоа би било дополнителен поттик за европскиот пат на Северна Македонија.

– Мислам дека Зоран Заев сè уште може да придонесе во политиката. Историјата ни покажува дека поранешните лидери на политички партии тешко се враќале во политиката, на пример Љубчо Георгиевски, но враќањето на Заев не е невозможно кога знаеме какви односи градел и со меѓународната заедница, нагласи тој.

Ерол Ризаов
Ерол Ризаов

Од друга страна според полтичкиот аналитичар Ерол Ризаов: „Очигледно и СДСМ и ВМРО ДПМНЕ имаат голема потреба да прикажат единство во своите редови„.

Интервју со Оливер Спасовски за Фронтлајн и ЦИВИЛ Медиа. Фото: Ангел Ангеловски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, зборувајќи за улогата на поранешниот премиер во политичкиот спектар на државата во интервју за Фронтлајн и ЦИВИЛ Медиа изјави дека општеството за сите граѓани и визијата дека Република Северна Македонија мора да се гради како општество со еднакви можности на сите е визија која што не само да ја иницираше, туку ја заживеа и на дело ја постави како принцип на владеење и на градење на македонското општество – Зоран Заев, и тоа е факт од кој не може никој да избегне во овој момент.

– Неминовно е дека визијата на тогашниот претседател на СДСМ и премиер на Република Северна Македонија во којашто се отвори општеството за сите граѓани и визијата дека Република Северна Македонија мора да се гради како општество со еднакви можности на сите, е визија која што не само да ја иницираше, туку ја заживеа и на дело ја постави како принцип на владеење и на градење на македонското општество – Зоран Заев, и тоа е факт од кој не може никој да избегне во овој момент. Инаку, за напредокот и на СДСМ и на државата се сите потребни, најмногу оние кои најмногу дале за државата, Зоран Заев е еден од тие, изјави министерот Спасовски.

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и поранешниот лидер Зоран Заев, кој одамна не е виден во партиски активности, седнаа на зедничка маса за да ги продискутират партиските и државните активности во насока на Еу интеграцијата на земјата.

Како што е соопштено, на координативната средба се разговарало „да се направи сè што е можно за да се обезбеди национален и државен консензус за да се исполни определбата на големото мнозинство граѓани, за Северна Македонија да стане европска држава до 2030 година“.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: АналитичариДимитар КовачевскиЗоран ЗаевОливер СпасосвкиСДСМ

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

На аеродром во Индија пронајдени 48 отровни змии и пет желки во куфер

June 2, 2025

Инзаги утре ќе одлучи каде ќе ја продолжи тренерската кариера

June 2, 2025

Зошто појадокот е најважен оброк?

June 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ: Правеле зграда каде што била предвидена улица, хаос со дивоградбите во Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додека лавчињата се касаат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Мицкоски му било жал што Арсовска добивалa закани по живот, таа вели – ми спуштаат на 192 кога ќе се претставам кој се јавува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данела, Чаир и медиумскиот смут во улога на заштитник на политичко – урбаниот криминал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) СБУ тврди дека руското военовоздухопловство претпело штета од седум милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk