ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шаќири на Конференција на министрите за образование на Советот на Европа

September 29, 2023 18:34
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Искористувањето на потенцијалот на дигиталната трансформација во и преку образованието е од клучно значење во современиот свет. Затоа и ние како држава сме фокусирани на дигитална трансформација на оваа област, интегрирајќи нови технологии, алатки и практики за подобрување и модернизирање на процесот на настава и учење. На тој начин го подобруваме и  пристапот до образованието, а воедно и ги зголемуваме образовните резултати.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на панел сесијата „Искористување на придобивките од дигиталната трансформација во образовниот процес“, во рамките на 26-та сесија на Конференцијата на министри за образование на Советот на Европа, која се одржува на тема „Трансформативната моќ на образованието: универзални вредности и граѓанска обнова“.

– Дигиталната трансформација може да го премости јазот во пристапот до образованието. Онлајн курсевите, виртуелните училници и дигиталните ресурси им овозможуваат на поединците пристап до квалитетно образование, без оглед на нивната географска локација или физички ограничувања, рече Шаќири.

Пандемијата со КОВИД-19, потенцираше министерот, го забрза усвојувањето на учењето од далечина. Иако не беше замена за учењето во училница, учењето од далечина обезбеди флексибилност и континуитет на образовниот процес и во време на криза.

– Имајќи предвид дека училиштата во Северна Македонија беа затворени речиси една година, учењето од далечина беше многу корисна алатка за надминување на отсуството на настава. Адаптивните платформи за учење користат податоци и алгоритми за да ја приспособат образовната содржина на индивидуалните потреби на учениците, помагајќи им да продолжат да напредуваат. Исто така, од неодамна почнавме да креираме дигитални интерактивни учебници за основно образование, кои ги споделуваме бесплатно преку специјализирана веб-платформа, додаде Шаќири.

Министерот пред колегите од Европа, напомена дека преку неколку проекти спроведени во училиштата во Северна Македонија, се увиде дека дигиталните алатки водат до зголемен ангажман на учениците.

Дополнително пак, дигиталните алатки, рече во своето обраќање Шаќири, можат да доведат и до подобра ефикасност и автоматизација на административните процеси во образовните институции.

– Северна Македонија користи ЕМИС систем и е-дневник од 2010 година и неодамна целосно го дигитализираше процесот на упис на ученици во основните и средните училишта. Во исто време, овие системи ја поедноставуваат административната улога на наставниците, а воедно се многу ефикасни и во нивниот професионален развој.

Сепак, напомена Шаќири, иако дигиталната трансформација нуди бројни придобивки, постојат предизвици кои треба да се решат, како што се дигиталниот јаз, загриженоста за приватноста и потребата за дигитална писменост на учениците и наставниците.

– За да се искористи потенцијалот на дигиталната трансформација во и преку образованието, образовните институции, креаторите на политики и едукаторите треба да соработуваат за да развијат стратегии за ефикасна примена на технологијата. Ова вклучува инвестирање во инфраструктурата, обезбедување обука и поддршка за наставниот кадар, обезбедување рамноправен пристап до технологијата и континуирано оценување на влијанието на дигиталните иницијативи врз резултатите на учениците, рече Шаќири.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: КонференцијаШаќири
Next Post

МФ: Издадени првите структурни обврзници – ги помагаме општините да се справат со финансиските предизвици

НАЈНОВО

Фото: СДСМ

Филипче од Куманово: Димитриевски и ЗНАМ одат во политичка пензија, ги чека пораз во Центар и Куманово!

October 17, 2025

Зеленски му предлага договор на Трамп: Дронови за „Томахавк“ ракети

October 17, 2025
Фото: Скирншот, АП

Трамп: САД ќе разгледаат испраќање ракети „Томахавк“ во Украина, се надевам дека ќе ја завршат војната без нив

October 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за средбата Црвенковски и Пецаков не гледа ништо необично, ниту изненадувачко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk