Во интервју за Фронтлајн, директорот на Царинската управа Стефан Богоев говори за новините и реформите што се подготвуваат во оваа институција која е во служба на македонското стопанство.
„Продолжуваме со една иницијатива признавање на т.н. кантарски белешки со Србија што значи при влез кај нас од Србија или влез во Србија а излез од кај нас да има едно мерење на вагата да имаат товарните возила. Ако мерела македонска царина, таа белешка е прифатлива и за Србија и обратно. Така камионот нема да оди два пати на мерење со што се заштедува време за патниците за увозниците и увозниците. Од друга страна работиме на развивање и на новиот едношалтерски систем. Тие што се бават со оваа проблематика го знаат ексим системот кој постои и вклучува 16 институции за размена на податоци, сега го разгледуваме ‘њу сингл виндоу’ – нов едношалтерски национален систем кој ќе овозможи на едно место компаниите да ги вадат сите дозволи што им се потребни“, вели Богоев за Фронтлајн.
Разговорот го водеше: Љубиша Николовски
Камера и монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Ангел Ангеловски