Добредојде во Струмица за другарот Алексис Ципрас кој денеска ми е на гости во приватна посета, објави на Фејсбук поранешниот премиер Зоран Заев.
„Се потсетуваме на нашите заеднички напори и придонеси кон мирот и стабилноста на Балканот и разговараме за предизвиците пред кои регионот е денес исправен. Особена чест ми е што пријателството меѓу Северна Македонија и Грција и моето другарство со Алексис преминуваат во трајни и скапоцени вредности“, наведе Заев.
Како што претходно објави грчки „Катимерини“, поранешниот премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас, во Струмица е на покана на Заев.
Поврзано: