ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Воведена нова авиолинија Скопје-Сараево

October 3, 2023 11:44
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Профункционира новата авиолинија Скопје-Сараево, што ќе ја опслужува трипати неделно (понеделник, среда и петок) грчката национална авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“. За првите патници во заминување на првиот лет за Сараево ТАВ Аеродроми синоќа организираше прослава на Меѓународниот Аеродром Скопје и им додели симболични подароци за добар пат.

До крајот на октомври, времето на поаѓање од скопскиот аеродром ќе биде во 19:00 часот, со време на пристигнување на аеродромот во Сараево во 20:10 часот, додека времето на поаѓање од аеродромот во Сараево ќе биде во 20:50 часот, со време на пристигнување на аеродромот во Скопје. во 21:50 часот. Сличен распоред ќе биде понуден и во текот на зимата 2023/2024.

-Веруваме дека оваа нова авиолинија ќе ја задоволи потребата на патниците за брзо и удобно да стигнат од Скопје во Сараево за нешто повеќе од еден час, наместо копнените видови превоз кои траат долги часови и значат исцрпувачки патувања меѓу двата главни града. Сега, луѓето од Сараево можат со летот на AEGEAN да пристигнат во Скопје за речиси еден час, и да ги откриваат неговите популарни места за разгледување и културно наследство за време на нивниот одмор во градот или пак за време на продолжени рекреативни патувања во земјата, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Роланд Јаги, главен комерцијален директор на „Ејџијан“, истакна дека со  новиот лет сакаат да ја зголемат поврзаноста и да го прошират  присуството на балканските простори.

-Со нашите висококвалитетни услуги сакаме да ја промовираме меѓудржавната мобилност, да го промовираме туризмот и да ги зајакнеме трговските односи, не само меѓу двете земји, туку и со Грција. Воведувањето на оваа нова авиолинија е и резултат на соработката меѓу AEGEAN и Меѓународниот Аеродром Скопје и би сакал да им се заблагодарам на нашите колеги од ТАВ за одличното партнерство што го имаме, рече Јаги.

Важноста на новата авиолинија ја истакнува и Алан Бајиќ, директор на Меѓународниот Аеродром Сараево, кој посочува дека нејзиното воведување е резултат на заедничката и многу успешна соработка меѓу скопскиот аеродром, управуван од ТАВ Македонија, Меѓународниот Аеродром Сараево и грчката авиокомпанија AEGEAN.

-Возбудени сме што AEGEAN ја препозна важноста и потенцијалот за воспоставување на оваа линија како одлично подобрување на комуникацијата и зајакнување на соработката во областа на економијата и туризмот меѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина. Убеден сум дека соработката меѓу AEGEAN и Меѓународниот Аеродром Сараево ќе биде долга и успешна, изјави Бајиќ.

Во периодот од јануари до август годинава се регистрирани 2.049.157 патници на двата македонски аеродрома – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид. Ова, според евиденцијата на ТАВ Аеродроми, претставува пораст од 32 проценти споредено со истиот период во 2022 година, додека споредено со 2019, референтната година во авијацијата, статистиките во авиосообраќајот бележат 15 проценти зголемување на бројот на патници.  Во осумте месеци од годинава реализирани се 15.344 летови, или 20 проценти повеќе летови од 2022, односно четири проценти повеќе споредено со 2019 година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: авиолинијаСкопје - Сараево
Next Post

Лампедуза или ќе ја подели или ќе ја обедини ЕУ околу новопредложените мигрантски политики

НАЈНОВО

Обвинителката Бонди: Можна смртна казна за убиецот на Чарли Кирк

September 16, 2025

(ВИДЕО) Кузеска: После толку многу манипулации со изјавите – на Мицкоски не може да му се верува

September 16, 2025

Започнува главниот дел од израелската копнена операција во Газа, САД го предупредуваат Хамас

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk