ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хаџиу: Србија е рај за воените злосторници и терористи

October 4, 2023 18:59
in ДЕНЕС, ПРАВДА, РЕГИОН
Фото: МИА

Фото: МИА

Косовската министерка за правда, Албулена Хаџиу, коментирајќи го ослободувањето на Милан Радоичиќ од страна на српски суд, изјави дека ниту една постапка на Србија не ја изненадува, бидејќи, како што рече, српската држава е „рај за воените злосторници и терористите“.

Хаџиу изјави дека Србија никогаш не ги предала воените злосторници и нема да ги предаде терористите, алудирајќи на Радоичиќ, кој откако вчера беше уапсен од властите во Белград, беше ослободен откако мина 24 часа во затвор.

– Терористичкиот напад врз Косово беше режиран, како што е докажано, од Србија и во оваа насока, секое дејство во врска со ова прашање што Србија го прави, воопшто не не изненадува. Србија никогаш не предала криминалци и нема да ги предаде ни терористите. Едноставно кажано, Србија е рај за воените злосторници и терористите кои пред десет дена извршија терористички напад на територијата на Косово, изјави Хаџиу.

Таа порача дека правосудните институции работат вредно за да го истражат вооружениот напад на 24 септември во Бањска, во Звечане, каде што загина полицискиот наредник Африм Буњаку. Меѓутоа, од причини на истрагата таа рече дека не може да даде повеќе детали.

– Наспроти една Србија која не се дистанцира од минатото, режира вооружени напади на Косово и не предава криминалци и терористи, се будноста, големата работа на косовските институции, особено на косовската полиција, истражните единици, специјалните единици, обвинителството и судот. Правосудните институции си ја вршат работата. Поради истрагата не можам да дадам детали што се случува. Само сакав да ги уверам дека институциите си ја вршат работата, рече Хаџиу.

Таа повтори дека Косово ќе бара предавање на Радоичиќ.

– Можеби ќе потрае извесно време, поради недостаток на соработка од страна Србија, но терористот Радоичиќ не може да ѝ избега на правдата, рече Хаџиу, додавајќи дека е обврска на косовските власти да распишат меѓународна потерница за поранешниот потпретседател на најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, кој ја презеде одговорноста за нападот врз полицијата на 24 септември во Бањска.

Вишиот суд во Белград го одби денеска предлогот на Вишото јавно обвинителство во Белград да му одреди притвор на Радоичиќ (45), кој е осомничен за сторени кривични дела со засега неколку непознати лица, оружје и експлозивни материи и тешки прекршоци против општата безбедност.

Судот му изрече забрана на Радоичиќ да го напушти местото на живеење, со која му се забранува да ја напушта територијата на Србија без одобрение на судот и му е забрането да оди на територијата на Косово.

Судијата во претходна постапка на Вишиот суд во Белград, по сослушувањето на Радоичиќ за причините за определување притвор, го одби предлогот на Вишото јавно обвинителство во Белград да определи мерка притвор поради опасност од бегство, се вели во соопштението на судот.

Извор: МИА

Tags: КосовоСрбијаХаџиу
Next Post
Фото: МИА

Во петок во Тирана средба на министрите за надворешни работи на Берлинскиот процес

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk