ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ховениер: Прашањето на одговорноста за нападот во северно Косово не завршува со Радоичиќ

October 4, 2023 19:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Aмбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер изјави дека прашањето на одговорноста за нападот врз косовската полиција во Бањска кај Звечане не завршува со изјавата на поранешниот потпретседател на Српската листа, Милан Радоичиќ, дека тој го организирал нападот, јави Радио Слободна Европа.

Ховениер во денешниот разговор со новинари во амбасадата на САД рекол дека Вашингтон ќе продолжи да настојува да разбере што навистина се случи и кој е одговорен за нападот на 24 септември.

– Би рекол дека вистинската работа за нашите безбедносни служби и другите партнери е да продолжат да се обидуваат да разберат што се случило. Соединетите Држави беа јасни, одговорните за нападот мора да одговараат. Ова останува наш став. Ќе продолжиме да настојуваме да разбереме што се случи, кој е одговорен и зошто, изјави Ховениер.

На 24 септември група вооружени лица ја нападнаа косовската полиција во Бањска кај Звечане, каде беше убиен еден припадник на полицијата и ранет двајца други.

Неколку дена по нападот, во кој загинаа и тројца од напаѓачите, одговорноста ја презеде Милан Радоичиќ, чии снимки како дел од оружената група која по нападот и одговорот на косовската полиција се засолн во тамошниот православен манастир.

– Ги направив сите логистички подготовки за заштита на нашиот народ од окупаторот и чинот нема врска со претходни политички активности. Никого не сум информирал ниту од властите на Република Србија, ниту од локалните политички структури од северот на Косово, се вели во писмото на Радојичиќ кое пред медиумите во Србија го прочита негов адвокат.

Откако вчера беше уапсен од полицијата на Србија, надлежен суд во Белград денеска го одби предлогот на Вишото јавно обвинителство во Белград да му одреди притвор на Радоичиќ , како осомничен за сторени кривични дела со други засега непознати лица, за поседување оружје и експлозивни материи и тешки дела против општата безбедност.

Судот му изрече забрана на Радоичиќ да го напушти местото на живеење, со која му се забранува да ја напушта територијата на Србија без одобрение на судот и му е забрането да оди на територијата на Косово.

Извор: РСЕ

Tags: КосовоРадоичиќХовениер
Next Post

Владата го решава деценскиот проблем со лицата без документи

Shortcut

Најново

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

June 23, 2026

Нови цени на горивата: Пад на дизелот за 7, а на бензините до 4 денари по литар

June 22, 2026

Тренчевска: По две години Влада на Мицкоски, резултатот од социјалните ветувања е чиста нула

June 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk